X
 10.11.2016 Култура

„Дневникот на машиновозачот“ со Лазар Ристовски вечерва го отвора „Синедејс“

Цената на билет за проекциите во киното „Милениум“ ќе биде 150 денари, со исклучок на филмот на Вуди Ален „Kафе-друштво“ за кој билетот ќе чини 300 денари. Билетите за киното „Фросина“ чинат 100 денари, а филмовите од програмата во Џебното кино, Ревија Орсон Велс, Ревија ЛГБТ и Детската програма, ќе бидат бесплатни



Познатиот српски актер Лазар Ристовски ќе присуствува на проекција на филмот „Дневникот на машиновозачот“ со кој вечерва, во 20 часот во киното „Миелниум“ ќе биде отворено 15. издание на Меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс“ што го организира Младинскиот културен центар од Скопје. Фесивалот ќе трае до 19 ноември, а ќе бидат прикажани четири од петте кандидати за наградите на Европската филмска академија. Американскиот актер Илајџа Вуд, познат по неговата улога во трилогијата „Господарот на прстените“ е ексклузивниот гостин на фестивалот. Тој ќе настапи со своето музичко дуо Wooden wisdom кое ќе го затвори фестивалот.

Филмовите се поделени во: Официјална селекција, CineBalkan, Гала-програма, Музички документарци, ЛГБТ-филмови, МK-кратки филмови, МK во ЕУ, Студентска програма, 101 година од раѓањето на Орсон Велс, Детска програма и богата придружна програма од работилници и музички настани. Премиерно ќе бидат прикажани „Хулиета“ на Педро Алмодовар, „Тони Ердман“ на Марен Аде, „Таа“ во режија на Пол Верхоевен и „Јас, Даниел Блејк“ на Kен Лоах. Најмногу номинации има „Тони Ердман“, и тоа за најдобар филм, режија, сценарио, најдобра музика, најдобра женска и најдобра машка улога. „Јас, Даниел Блејк“ се натпреварува во четири категории, а „Хулиета“ на Алмодовар и „Таа“ на Верховен се номинирани во три категории.

Во гала-програмата ќе бидат прикажани 25 филма, межу кои „Аве, Цезар!“ на браќата Kоен, „Kафе-друштво“ на Вуди Ален, кој веќе шеста година по ред е дел од програмата на фестивалот, „Убавите денови во Аранхуез“ на Вим Вендерс, „Сол и оган“ на Вернер Херцог, Верховен, Kончаловски, Винтерберг, Озон, Алмодовар...

Цената на билет за проекциите во киното „Милениум“ ќе биде 150 денари, со исклучок на филмот на Вуди Ален „Kафе-друштво“ за кој билетот ќе чини 300 денари. Билетите за киното „Фросина“ чинат 100 денари, а филмовите од програмата во Џебното кино, Ревија Орсон Велс, Ревија ЛГБТ и Детската програма, ќе бидат бесплатни.

Програмата на „Синедејс“ можете да ја преземете од следниот линк: http://cinedays.mk/mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура