X
 17.11.2016 Политика

Што ќе се случи со поларизираниот политички систем на САД?

Победата на републиканскиот кандидат, Доналд Трам, е една од најшокантните во историјата на претседателските избори на САД. Долго време се чинеше дека Хилари е пополуарна, но останува збор за две партии што се конфронтирале со децении и меѓу кои има поделби, па епитетот „популарна“ и не е многу од помош.

демократи и републиканци

Стивен Шиер е политиколог и професор на Карлетон Колеџ во Минесота и е ко-автор на книгата Polarized: The Rise of Ideology in American Politics. Тој вели дека САД има партиски систем без мнозинство и при анкетирање и истражувања за партиите граѓаните имаат повеќе негативни отколку позитивни ставови.

Сон на политичарите е да имаат мнозинство граѓани на своја страна за да ја применат во пракса нивната политика. Во случајот, иако републиканците имаат контрола и на Претставничкиот дом и на Сенатот, демократите во Конгресот може да не бидат воопшто наклонети кон новиот претседател за да работат заедно.

Победата на Трамп нема да ја спречи поларизацијата што се вградува во американската политика.

„Песимистичкиот поглед е дека ќе продолжи поларизацијата од партиите, што се случува и во последната деценија и повеќе,“ вели Барбара Норандер, политиколог и професор од Универзитетот во Аризона. „Оптимистичкиот поглед е дека доволно сенатори и претставници ја добиле пораката од своите гласачи дека се уморни и дека повеќе би сакале партиите да работат заедно,“ продолжува таа.

Поларизирани позиции


САД памети времиња кога работите не биле само сини и црвени, туку едната партија владеела, а другата правела проверки. Причината на моменталната ситуација, како што е наведено во книгата Polarized: The Rise of Ideology in American Politics е следната:

„Идеолошката политика е непријател на уставниот поредок. Нашиот систем на широко распространети сили не е создаден за да го олесни одобрувањето на идеолошките агенди.... Основачите на нашата нација сакаа управувањето да го одрази јавносот мислење со детално разгледување на спротивставените ставови пред владата да делува. И идеолошката политика избегнува таква политика.“

Со оваа победа деновиве и двете страни имаат потешкотии да ги напуштат своите идеологии и да работат заедно. Авторите на книгата се скептици и за појава на трета партија, а и не се оптимисти дека Трамп ќе има трпение за да ги смири работите.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика