X
 14.12.2016 Култура

„Дом без книги е како тело без душа“

Добрите книги, како добрите пријатели, се релативно ретки, а сепак верни и забавни. Тие го отвораат вашиот ум, ги прошируваат вашите хоризонти и ве инспирираат да го промените вашиот живот и светот околу вас.

 

1


Секогаш можете да пронајдете прекрасни решенија за сопствените проблеми, и да се впуштите во цел нов свет на идеи, фантазии и луди имагинации било кое време. Вистинската книга може да ве мотивира и да ве поттикне на големи нешта.

„Учете и читајте сериозни книги. Животот ќе си го направи останатото“.

„Ако само ги читате книгите кои ги читаат сите други, тогаш само го размислувате она што и другите го мислат“.

„Некои книги треба да се вкусат, други да се голтнат, а некои треба да бидат изџвакани и сварени“.

„Човекот кој не чита добри книги нема предност над човекот кој не може да ги прочита“.

„Читањето на сите добри книги е како разговор со најголемите луѓе на изминатите векови“.

„Дом без книги е како тело без душа“.

„Не треба да ги запалите книгите за да уништите една култура. Едноставно натерај те ги луѓето да престанат да ги читаат“.

„Најдоброто кино во светот е мозокот, а тоа го знаеш кога читаш добра книга“.

„Читаме за да знаеме дека не сме сами“.

„Оставете не' да читаме и да танцуваме - возбудувања кои не му штетат на светот“.

„Не постојат денови во нашето детство кое сме ги живееле толку полно како оние кои сме ги поминале читајќи ја омилената книга“.

„За да бидеш паметен се' што треба да направиш е да прочиташ 10 книги - но за да ги пронајдеш тие десет, треба да прочиташ илјадници“.

„Книгите се бродови кои поминуваат низ огромното море на времето“.

„Потпирајте се на книгите. Тие молчат кога е неопходно и ви зборуваат за да ви го откријат светот кога е потребно“.

„Учењето да читате е исто како да запалите оган; секоја буква која ја пишува е искра“.

„Парадоксалната доблест на читањето лежи во дистанцирањето себеси од светот така што можеме да добиеме смисла за него“.

„Најголемиот универзитет е збирката книги“.

„Добрите книги не ги откриваат сите нивни тајни наеднаш“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура