X
 03.02.2017 Култура

„50 нијанси потемно“ веќе ги возбуди скопјанки


 
Второто продолжение на еротската романтична драма, овој пат со насловот „50 нијанси потемно“ ќе ја има македонската премиера на 9 февруари, во киното „Синеплекс“ во Скопје. Филмот веќе ја возбуди женската публика во Скопје, а од „Синеплекс“ известуваат дека шест кинопроекции се веќе целосно распродадени, односно околу илјада карти се веќе купени. Останува да се види дали „Потемно“, ќе го надмине интересот на „Сиво“, односно на првиот дел од трилогијата, кој излезе пред точно две години.

„50 нијанси сиво“ во Скопје го видоа околу 20.000 гледачи. Официјалната премиера на филмот е во САД, на 10 февруари.

Главните улоги ги толкуваат Дакота Џонсон и Џејми Дорнан, како Анастасија Стил, студентка по литература и Кристијан Греј, бизнисмен. Филмот е втор дел од трилогијата на Е.Л.Џејмс, а режисер е Џејмс Фоли. Во филмот игра и познатата американска актерка, поим за сексапил, Ким Бесинџер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура