X
 01.06.2017 Култура

Нови филмови во Синеплекс

CINEPLEXX подготви одлична забава за вас и вашите пријатели!!

Погледнете го премиерно филмот „Чувари на плажа“ на 1. јуни и уживајте во вечерта!

 


За најсреќните одлични подароци од партнерите на CINEPLEXX BEACH PARTY!!!

    
 
ВОНДЕР ВУМАН

 


Пред да биде Wonder Woman, таа беше Дијана, принцезата на амазонките, обучена да биде непобедлив воин.Израсната на рајски остров, се запознава со американски пилот чиј што авион се урива во непосредна близина. Тој и кажува за големиот конфликт што владее во остатокот од светот, па Дијана го напушта својот дом убедена дека може да ја запре заканата. Борејќи се покрај мажите во битка која што треба да ги заврши сите војни во светот, Дијана ги открива своите моќи и нејзината вистинска судбина.

ПАТКИ ЗА НЕВОЗМОЖНИ ЗАДАЧИ

 


На еден мал, делечен кинески остров, нормалниот живот на локалните мандарински патки се претвора во хаос кога јато воени диви патки слетуваат мислејќи дека се на Хаваи. Шефот на дивите патки, Дукмус, не сака да се помири со локалните традиции, како што и царот на мандаринските патки не сака непоканети гости. Избива студена војна помеѓу двата клана. Наследникот на мандаринскиот император, Лонгвеј, се заљубува во шармантната Ерика, ќерката на шефот на дивите патки. Нив не им е битна војната меѓу нивните таковци. Додека водачите се обидуваат да ги расчистат сметките, Лонгвеј запаѓа во невоља. Двајца глупави крадци од градот, по инструкции на старата вештерка, започнуваат да го бркаат Лонгвеј. Излегува дека Лонгвеј е магичната „Сончева патка“, кога според легендата, има натчовечки способности кои му овозможуваат да добива енергија од Сонцето. Старат вештерка е спремна по било која цена да ја придобие сончевата енергија и вечната младост.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура