X
 12.11.2018 Наука

Како да му помогнете на лице рането во престрелка

Луѓето најпрво треба да се погрижат за својата сопствена безбедност, а потоа да се осигурат дека се информирани полицијата и брзата помош. Потоа може да им помогнат на жртвите така што ќе го побараат изворот на какво било крвавење.

Живото-загрозувачко крвавење што бара итна реакција и помош подразбира крв што се претвора во локва на земјата или тече многу од раната, губење или делумно губење на екстремитетот или крвавење од жртвата, која е во несвест. Постојат неколку техники со кои можете да го запрете крвавењето и сите вклучуваат притискање на раната, односно ставање некаков притисок.

Доколку не се достапни никакви инструменти, покријте ја раната со некаков материјал (кошула, шамија, марама, шал), притиснете на раната со двете раце и продолжете да притискате додека не пристигне помош. Ако повредата е особено длабока, притиснете го материјалот во неа и обидете се да ја зацврстите.

Ако е достапна кутија за прва помош и повредата е на некој екстремитет, земете тврд завој и намотајте го цврсто околу раката или ногата на жртвата, над раната. Спротивно на неколку популарни идеи, завојот не значи дека на жртвата ќе ѝ треба ампутација - ако завојот стои под два часа, тогаш екстремитетот ќе биде во ред. Важно е да знаете дека со употребата на завојот не го повредувате пациентот, туку му го спасувате животот.

Притискањето на раната или ставањето завој е болно за повредениот, така што треба да знаете дека иако му е непријатно, тоа не значи дека правите нешто погрешно. Ја правите вистинската работа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука