X
 24.12.2017 Образование

Како се родила Фибоначиевата низа на броеви

Приказната оди вака: Еден пар зајаци, по два месеца, дава потомство од уште еден пар зајаци. Така, ако почнеме со 1 пар зајаци во првиот месец, вториот месец сè уште имаме 1 пар зајаци, но затоа во третиот месец имаме 2 пара зајаци. Во четвртиот месец, почетниот пар зајаци ќе даде потомство од уште еден пар зајаци, но парот зајаци формиран во третиот месец сè уште нема да даде потомство, па така во четвртиот месец ќе има 3 пара зајаци. Во петтиот месец, два пара од претходниот месец се зрели да дадат потомство, еден пар не е, па затоа во петтиот месец ќе има 5 пара зајаци. Приказната продолжува, при што се формира низа од месечниот број на парови на зајаци 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13.., во која секој нареден број е збир од претходните два броја (бројот на парови зајаци од претходниот месец зголемен за бројот на новородени парови зајаци од страна на паровите зајаци од пред два месеца).



Италијанскиот математичар Фибоначи е првиот што ја вовел оваа низа во Европа, во 1202 година во неговата книга „Liber Abaci“ („Книга за сметањето“), токму на горе опишаниот начин преку растење на хипотетичка популација на зајаци во идеализирана ситуација. Во негова чест, многу подоцна (во 19 век), оваа низа е наречена Фибоначиева низа и до ден-денес е една од најпознатите и најспоменуваните низи, при што многу истражувачи се обидуваат да ја прикажат директната поврзаност на Фибоначиевата низа со природата. Погледнете го, на пример, видеото на следниот линк.

Да напоменеме дека постоењето на оваа низа е забележано во записите на индискиот математичар и поет Пингала, уште во 200 год. пред н.е., и е добиена при пребројување на зборовите составени од кратки и долги симболи.

Автор: ​Ирена Стојковска
Извор: www.matematika-plus.weebly.com https://matematika-plus.weebly.com/kako- se-rodila- nizata-fibonacievi- broevi.html

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование