X
 20.01.2018 Технологија

Новитет на „Гугл“ - звук без звучници

Некаде пред 13 декември 2017 година „Гугл“ ја купи стартап-компанијата „Редукс“ со седиште во Велика Британија. Не е познато зошто се случило тоа. „Редукс“ се занимава со производство на квалитетно аудио преку користење на дисплејот како звучник, елиминирајќи ја потребата за дополнителни звучници. Отстранувањето на звучниците ослободува простор за уредите на „Гугл“, па можеби ова е иднината на аудиозвукот и кај мобилните уреди.

фото извор: Redux

Системот што го купи „Гугл“ користи прекршувачки бранови со вибрациски елементи. На тој начин се создава попрецизен звук отколку оној што се постигнува со конвенционалната технологија. Прекршувачкиот бран може да се сфати преку замислување на моментот кога фрламе камен в езеро. Површината на водата е дестабилизирана од овој импулс. Ова покажува дека може да се сведочи на бран кој се шири на двете страни. Повеќе во следното видео:



Ваквите бранови се важни и во однос на тоа дали можеме да слушаме некого од друга соба без да го гледаме. Во уредите на „Редукс“ вибрациите од прекршувачките бранови се шират на површината на дисплејот, преку кој се добива звукот. Секој звук што се слуша е збир на бранови на различни фреквенции кои се огласуваат во исто време. Системот на прекршувачки бранови содржи повеќе активатори, па со тоа можно е да се произведе и многу побогат и помоќен звук.

„Редукс“ ја демонстрира својата технологија минатиот февруари. Може да се заклучи дека оваа технологија е еден чекор напред во иднината во однос на аудиозвукот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија