X
 20.03.2018 Образование

Самохраните родители со ниски примања нема да плаќаат за градинка




Самохраните родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон, ќе бидат ослободени од плаќање на партиципацијата за сместување на дете во детска градинка.
Ова денеска го соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Министерката Мила Царовска го измени Правилникот за условите, критериумите и начинот на остварување на правото на партиципација во трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација на деца во јавните установи за деца.

Од МТСП велат дека сите самохрани родители кои ги исполнуваат законските услови за остварување на правото на партиципација да поднесат барање со потребната докуменетација, наведена во Правилникот, до јавната установа за деца во која детето престојува, односно е згрижено, за остварување на правото на партиципација.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование