X
 18.04.2018 Образование

Наташа Дукоска: Социјални медиуми, тоа се академските програми на блиската иднина

Менаџери на социјални медиуми се новите работни места бидејќи сите мали, средни и големи компании имаат потреба некој да се грижи за нивните мрежни профили, потоа институции, јавни личности, движења.  

Социјалните медиуми треба да ги изучуваат не само лично менаџерите на социјалните медиуми, туку и сите одговорни менаџери бидејќи секој интелигентен и образован човек треба да знае што да очекува од својот профил, како сака да изгледа, што сака да каже, вели Наташа Дукоска, менаџер на маркетинг агенцијата „Навигаторс“. Таа објаснува дека постојат студии во кои се вели дека социјалните медиуми треба да се изучуваат и во средните училишта и дека тоа е новата табла, тетратка, Ворд...
- Тоа е новото описменување. Дури и самите училишта можат да ги ангажираат своите ученици да им ги водат профилите, јутјуб-каналите - вели Дукоска.

Наташа Дукоска МБА - Маркетинг, Менаџер на Маркетинг Агенција Навигаторс 
Фотографирано во Францускиот Институт

 
Зошто треба да се изучуваат социјалните мрежи?

-
Социјалните медиуми се засебен феномен за разлика од мас-медиумите што ги имавме во 20 век како печат, ТВ, радио... Затоа што информацијата e капитал кој сега може да се мултиплицира патувајќи до безброј дестинации и со брзина на светлината, а со социјалните медиуми тоа може да биде и несовладлив пожар. Исто така, социјалните мрежи се медиуми со сопствен жаргон и специфика, многу интерактивни и отворени на јавноста.

Што вели пазарот на трудот?

 
Буквално сите мали, средни и големи компании имаат потреба да ги менаџираат своите профили на своите медиуми, потоа институции, јавни личности, движења итн. Значи потребата за оваа работа е голема и во пораст, накратко тоа се огромен број нови работни места! Тоа се тимови на луѓе што работат на менаџмент на социјалните медиуми кои можат да бидат од 1-2 до 100-200 луѓе. Социјалните медиуми треба да ги изучуваат не само лично менаџерите на социјалните медиуми, туку и сите одговорни менаџери бидејќи секој интелигентен и образован човек треба да знае што да очекува од својот профил, како сака да изгледа, што сака да каже. Постојат студии во кои се вели дека социјалните медиуми треба да се изучуваат и во средните училишта, тоа е новата табла, тетратка, Ворд... Тоа е новото описменување. Дури и самите училишта можат да ги ангажираат своите ученици да им ги водат профилите, јутјуб-каналите.

Наташа Дукоска МБА - Маркетинг, Менаџер на Маркетинг Агенција Навигаторс 
Фотографирано во Францускиот Институт


Што би се изучувало на овие студии?

- Од едукција со етика, истражување што сака публиката да чита, гледа, слуша - до учење како да се приспособат сите тие идни професионалци на која било нова платформа кога ќе дојде, а ќе дојде. Овде не се работи за механичко фрлање на машината за пишување со замена на тастатура. Комуникацијата и информацијата ја доживеаја најголемата револуција и се побитни од кога и да е.

Каде би ги сместиле студиите за социјални медиуми?

- Изучувањето на социјалните медиуми треба да има мултидисциплинарен пристап, и еден експерт кој може да се специјализира комерцијално, институционално или политички, треба да има и заедничка академска основа. Тука би требало да се соединат теорија на комуникации, пред сè, теорија на бихевиоризам, креативно пишување и илустрирање, дизајн, мултимедија, анализа на трендови, а потоа и фајн тјунинг и специјализација од конкретна област.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование