X
 20.12.2018 Живот

Цитати што ќе ве извлечат од минатото: Не барајте ја среќата на истото место каде што сте ја изгубиле

Оставањето на минатото зад себе веројатно е една од најтешките работи што човек треба да ги направи. Можеби мислите дека е лесно, особено ако имате лоши спомени, но што е со оние ситуации кога моравте да пуштите некого или нешто што ви било важно? Тоа се времиња што тешко ги забораваме и напуштаме.

Ако ве задушуваат вашите мисли и прават уште потешко да гледате кон иднината, тогаш употребете ги овие цитати за попозитивно да размислувате.

- Понекогаш на вашето срце му е потребно повеќе време да го прифати она што умот веќе го знае.

- Ако сакате да ја залечите раната, треба да престанете да ја допирате.

- Ако не го оставите минатото во минатото, тоа ќе ви ја уништи иднината. Живејте за она што сегашноста има да ви понуди, не за она што ви го одзел вчерашниот ден.

- Не барајте среќа на истото место каде што сте ја изгубиле.

- Ако сте изгубиле нешто, тоа е затоа што ви било судено да пронајдете нешто подобро. Верувајте, опуштете се и направете место за она што доаѓа.

- Не можете да го започнете следното поглавје од вашиот живот ако продолжите да го читате она што е зад вас.

- Животот е прекраток за денот да го започнете со скршени парчиња од вчерашниот ден, тоа дефинитивно ќе ја уништи вашата прекрасна сегашност и ќе ја уништи вашата сјајна иднина.

- Вдиши иднина, издиши минато.

- Не треба секогаш да се обидувате да поправите нешто што е скршено. Можеби треба да почнете одново и да создадете нешто подобро.

- Можете да се движите напред само ако прифатите дека минатото исчезнало.

- Еден од најсреќните моменти е кога ќе пронајдете храброст да го пуштите она што не можете да го промените.

- Тајната на промената е да ја фокусирате цела енергија на создавање нешто ново, а не борба со старото.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот