X
 23.12.2015 Образование

Како да пораснете среќно дете?

Масару Ибука е бизнисмен и еден од основачите на „Сони“, но тој има и огромно познавање од детската психологија и педагогија. Тој создал уникатна техника за развој на детето наречен „Градинката е предоцна“. Меѓу другото, тој вели дека целта на развојот кај детето во раното детство не е да се воспита за да стане генијалец. Главната цел е да се воспита среќно дете.

Слушањето музика и учењето странски јазици не е основно правило за детето да стане лингвист или музичар, ами да се развијат неговите или нејзините можности за да има среќа во животот, според Ибука. Следуваат најпопуларните совети од неговата книга „Градинката е предоцна“, полна со иновативни идеи.

1. Од најрано детство, опкружете го детето со најдобрите достигнувања на човештвото. Слушајте квалитетна музика, гледајте уметност и читајте класични книги.

2. Не се плашете да го држите детето во рацете. Тоа ќе ја подобри комуникацијата и интелектуалниот развој на детето.

3. Не зборувајте различно со детето. Тоа разбира сè.

4. Учете со детето секој ден.

5. Детето не треба да ги види своите родители како се караат.

6. Во ред е доколку детето спие со вас во еден кревет.

7. Охрабрете го детето да комуницира со други деца. Тоа ќе го стимулира неговиот мозок и во него ќе развие желба за напредок.

8. Не го критикувајте детето за бранење на своите интереси.

9. Дозволете му на детето да биде дел од многу креативни активности.

10. Бидете внимателни со пофалбите и казните. Казнувајте ретко, а фалете го со причина.

11. Не ја наметнувајте својата визија на добро и лошо на детето. Дозволете му само да сфати.

12. Задржете го интересот кај детето во сè што сака.

13. Не заборавајте да го повторите материјалот што го научило детето.

14. На детето му се потребни мајка и татко.

15. Детските фантазии не се бесполезни. Сонувањето и фантазирањето го покажува потенцијалот за креативност.

16. Не мислете дека вашето дете е ваша сопственост.

17. Помогнете му да прави разлика меѓу материјали и текстури, како и различни предмети со допирање.

18. Не купувајте сè што ќе побара детето од вас.

19. Подобро е детето да игра со манипулативни играчки со спојување и градење.

20. Развивајте ги моторните вештини кај детето како моделирање и оригами.

21. Пешачете со детето. Додека пешачите, 400 од 639-те мускули на телото се активирани.

22. Не обрнувајте многу внимание на резултатот на активностите на детето. Важен е процесот.

23. Не го принудувајте детето на нешто што не сака.

24. Поттикнете го детето да размислува „надвор од кутијата“. Стандардите создаваат стандардни луѓе.

25. Пред да го воспитаат детето, родителите треба да се воспитаат и пораснат себеси.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование