X
 24.09.2025 Образование

УКЛО ја потврдува научната мисија: Успешно одржана 16. Меѓународна научна конференција на Факултетот за безбедност - Скопје

Факултетот за безбедност – Скопје успешно ја организира 16. Меѓународна научна конференција на тема: „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици“.

Конференцијата е оценета како значајна академска и стручна платформа за дискусија за современите безбедносни предизвици поврзани со системската корупција, нејзините импликации врз националната и меѓународната безбедност, како и за потребата од развивање ефикасни стратешки пристапи и политики.

На настанот присуствуваа истакнати научници, експерти и претставници од релевантни институции од земјата и странство, вклучително и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, чиј ангажман дополнително ја потенцира важноста на темата во актуелниот безбедносен и институционален контекст.

1

Во своето обраќање, ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, ја истакна важноста на научното истражување и интердисциплинарната соработка во справувањето со корупцијата како комплексна и долгорочна безбедносна закана. Во својство на главни говорници на конференцијата се обратија професорите: Миодраг Лабовиќ од Факултетот за безбедност – Скопје, Углеша Звекиќ од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Филип Ејдус од Факултетот за политички науки – Белград.

2

Конференцијата ја потврди стратешката определба на Факултетот за безбедност – Скопје и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола кон поддршка на научната мисла и поттикнување регионална и меѓународна соработка во областа на безбедноста и борбата против корупцијата. Настанот се одржа на 23 септември 2025 година, во Клубот на пратеници – Скопје, како своевидна најава на уписниот период за втор и трет циклус студии https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2025-26/. 
Воедно, претставува и инспиративен поттик за идните магистранди и докторанди на УКЛО - да се приклучат на научноистражувачката заедница што активно придонесува кон решавање на најгорливите современите предизвици на денешното општество.

3

Овие активности, вклучително и успешната организација на меѓународната конференција, претставуваат составен дел од континуираниот развој на Факултетот и УКЛО што се тесно поврзани со насоките на универзитетската стратегија КОЛОРС, во која иновацијата, интердисциплинарноста и регионалната соработка претставуваат клучни столбови за градење одржливо знаење и безбедносна култура.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование