Тони Морисон и Џејн Остин се едни од најчитаните писателки на факултетите денес, открива анализа на „TIME“
Анализата била направена на 1,1 милион факултетски програми. Според неа, најчитана книга од женски автор е „Водичот за писатели на истражувачки трудови, тези и дисертации“ на Кејт Л. Турабијан, која е задолжителна за читање во 3.998 факултети во последните 15 години.
Зад неа се наоѓа Дијана Хакер, автор на повеќе учебници, со Тони Морисон и Џејн Остин на четвртото и петтото место, соодветно. Околу 70% од факултетите вклучени во анализата се американски, додека остатокот се од Велика Британија, Канада и Австралија.
Во најчитаните писателки се наоѓаат и Џ. К Ролинг, Ејми Тен и Рејчел Карсон.
Кога станува збор за најчитаниот автор на сите времиња, без разлика на полот, тоа е убедливо Вилијам Шекспир, кој се чита на 20.124 факултети.