X
 30.07.2025 Образование

УКЛО КОЛОРС – Настани што се паметат: Маршрута на солидарноста, хуманост што гласно зборува

УКЛО КОЛОРС продолжува да блеска во живописните бои што го истакнуваат студентскиот активизам и надвор од факултетските аули. Во духот на таа колоритност, нагласена симболика има настанот Маршрута на солидарноста – крводарителска акција со интерактивна панел-дискусија. Правниот факултет при УКЛО беше домаќин на настан кој ги спои хуманоста, знаењето и активната граѓанска свест – крводарителската акција и панел-дискусијата „Маршрута на солидарноста“. Настан кој не само што остави трага, туку и трајно се вгнезди во УКЛО КОЛОРС мозаикот на настани што се паметат.

1

Оваа здружена КОЛОРС енергија го обедини УКЛО со Црвениот крст на Македонија, со силна порака – дека универзитетите не се само места на учење, туку и жаришта на солидарност и ангажман. Со обраќања на ректорот проф. д-р Игор Неделковски и генералниот секретар на Црвениот крст, д-р Саит Саити, беше потврдена посветеноста на УКЛО кон хуманите вредности, симболично крунисана со доделување јубилејна плакета на Универзитетот.

2

Паралелно со крводарителската акција се одржа инспиративна панел-дискусија модерирана од проф. Никола Дујовски и проф. Фадби Османи. Панелистите – проректорот за наука Горан Илиќ, студентот Даниело Божиновски и претседателката на ООЦК Битола, Лилјана Ристевска, ги споделија своите искуства и визии за градење мостови помеѓу академскиот и хуманитарниот свет.

Интерактивната сесија дополнително ја збогати настанот со животни приказни на претставниците од Високата медицинска школа, пред. м-р Денис Арсовски и студентката Мелиса Комина – вистински сведоштва за тоа колку секој гест на солидарност значи.

4

Атмосферата беше енергична и охрабрувачка, дополнета со настапот на дебатниот клуб „АргументУм“ – УКЛО КОЛОРС, преку кои студентите Стојанка Ќупчева и Валентин Стојановски испратија порака дека секоја мисла што верува во добрината е столб на едно похумано општество.

Младите волонтери од Црвениот крст и студентите на УКЛО го оценија случувањето како можност – преку заедничка акција, учење и солидарност да се гради похумано општество. За нив, „Маршрута на солидарноста“ не беше само настан. Тоа е начин на кој треба да се дава содржина на живеењето, се вклучување на вредности што се силно почитувани и од Алијансата КОЛОРС. Според младите, настанот Маршрута на солидарноста е меѓу примерите како се остварува комуникација, отвореност, лидерство, одговорност и разновидност. Во таа смисла, тие со многу емоции ја нагласуваат суштината на настанот: Каде што има солидарност, таму хуманоста станува двигател на прогресот.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование