X
 31.05.2018 Култура

Најголемите филмски губитници во последните 15 години

Филмските студија сонуваат за блокбастери што ќе им донесат огромна заработка и ќе ги оправдаат трудот, работата и парите вложени во проектите.

Сепак, на секој кинохит доаѓа и неговата спротивност - разочарување. Веб-страницата „Лупер“ направи листа со најголемите финансиски филмски губитници во последните 15 години, а на првите пет места се најдоа:

2003: „Синбад“




Легендата за седумте мориња. И покрај одличната актерска екипа (Бред Пит, Кетрин Зета Џонс, Мишел Фајфер) и огромниот маркетиншки напор што вклучувал брендови како „Бургер кинг“ и „Хјулит пакард“, филмот доживеа фијаско.

Проценета загуба: 125 милиони долари

2004: „Аламо“



Кај овој филм речиси сѐ било погрешно, почнувајќи од скратувањето на буџетот до промените во актерската екипа. Популарната веб-страница за филмска рецензија „Ротен Томејтос“ му даде 29 отсто на својата скала.

Проценета загуба: 120 милиони долари.

2005: „Сахара“

Дури ни учеството на славниот холивудски актер Метју Меконахи не можеше да го спаси филмот од пропаст. Буџетот што излезе од контрола, како и тужбата од писателот Клајв Каслер што траела осум години, резултираа со неуспех за филмот.

Проценета загуба: 105 милиони долари.



2006: „Посејдон“

Заедничките сили на актерот Курт Расел и режисерот Волфганг Питерсен не беа доволни за да се спаси овој филм од пропаст, и покрај буџетот од 160 милиони долари. Цената на маркетиншките трошоци на меѓународно ниво донесе најголеми загуби.

Проценета загуба: 70 милиони долари.



2006: „Иван Семоќниот“

Дури ни Бог не можеше да го спаси овој филм со лоша концепција, што требаше да биде продолжение на „Брус Семоќниот“. Лошо планираните трошоци, како и фактот дека Стив Карел не беше толку исплатлив протагонист како Џим Кери во првобитниот филм, доведоа до слаба заработка.

Проценета загуба: 90 милиони долари.



Останатиот дел од листата изгледа вака:

2008: „Спид Рејсер“

Проценета загуба: 100 милиони долари.



2009: „Земјата на изгубените“

Проценета загуба: 65 милиони долари.

>

2010: „Како знаеш“

Проценета загуба: 105 милиони долари.



2011: „На Марс му требаат мајки“

Проценета загуба: 130 милиони долари.



2012: „Џон Картер“

Проценета загуба: 200 милиони долари.



2013: „Осамениот ренџер“

Проценета загуба: 190 милиони долари.



2014: „Легендата на Оз - Враќањето на Дороти“

Проценета загуба: 66 милиони долари.



2015: „Тумороуленд“

Проценета загуба: 140 милиони долари.



2016: „Бен Хур“


Проценета загуба: 120 милиони долари.



2017: „Живеј навечер“


Проценета загуба: 75 милиони долари.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура