X
 01.11.2016 Образование

Митови за продуктивноста во кои студентите веруваат

Во текот на студирањето се залажуваме со верување во изјави како: „Јас функционирам подобро под стрес“, и тоа го правиме најмногу кога нашето драгоцено слободно време не сакаме да го издвоиме за решавање на академските обврски.

Ова всушност е еден од митовите во кои студентите веруваат и иако таквото размислување е индивидуално, науката уште еднаш става точка и не „просветлува“. Продуктивноста е она кон што тежнееме на работното место, на училиште или факултет, но е тешко да ја постигнеме бидејќи ние веруваме во митови а не во факти. Ова е листата на митови во кои веруваме:

Паузи за време на учењето не ми се потребни


Ова е голема заблуда. Паузите и тоа како ви се потребни во текот на учењето, бидејќи подобро памтиме кога сме психички и физички одморени. Земањето на паузи нé ослободува од стресот и ја зголемува продуктивноста, а судејќи според една студија, честите паузи ја подобруваат концентрацијата.

Успевам да завршам многу работи кога практикувам мултитаскинг

Кога ќе се обидуваме да направиме се воглавно резултатот ќе биде ништо, а ова особено се однесува на мултитаскинг. Иако мислиме дека е фантастично тоа што во исто време одговораме на електронски пораки, пребаруваме за омилениот пејач, читаме книга, всушност со тоа се прави спротивен ефект и не правиме ништо корисно.

Наместо на мултитаскинг, фокусирајте се на она што ви е приоритет, па така малку по малку прво ќе го извршите она што ви е најмногу важно, па се друго останато.

Под притисок сум повеќе продуктивен

Ако сакаме да им веруваме на експертите, тогаш не треба воопшто да претпоставуваме дека ќе станеме исклучително креативни и продуктивни како што се приближува „крајниот рок" за некоја работа. Всушност, колку повеќе сме под притисок помалку ќе бидеме во можност да се сетиме на работите, па дури и на сопствените идеи би гледале од лоша перспектива.

Покрај тоа, експертите велат дека без притисок ќе постигнеме подобри резултати, како што е на пример пишување семинарски труд, отколку под притисок кога сме напишале просечен труд со лош квалитет.

Постои универзално правило за подобрување на продуктивноста

Што е тоа? Не знаете, бидејќи не постои, а како што веќе рековме секој е различна индивидуа и она што одговара на лицето А, нема да одговара за лицето Б. За продуктивноста не може да се генерализира, но добро е да се утврди она што за вас најдобро функционира: на пример дали да е тоа учење и вршење на работата според приоритети или според крајни рокови.  
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование