X
 08.07.2025 Технологија

„Хугл“ е самостоен пребарувач кој користи „Гугл“, но ја штити вашата приватност

„Хугл“ е самостојна веб-апликација која ви овозможува да пребарувате резултати од „Гугл“, но без реклами, „Јава-скрипт“ кодови од трети страни, АМП линкови и колачиња што вообичаено ги користи „Гугл срч“. Целта е да се понудат поедноставни резултати кои се повеќе ориентирани кон приватноста.

Во „Хугл“ има и голем број поставки, како што се блокирање на одредени страници, вклучување на опцијата „Сејфсрч“ и поставување на „Јузер агент“. Откако ќе го поставите „Хугл“ на вашиот приватен сервер, можете дури и да го поставите вашиот веб-прелистувач да го користи „Хугл“ како ваш стандарден прелистувач.

„Хугл“ е изграден за лесно поставување

Постојат и други метапребарувачи што корисниците можат сами да ги хостираат, но „Хугл“ е дизајниран да биде многу лесен за поставување.

Авторот на проектот забележува дека корисниците со повеќе техничко знаење може да го претпочитаат „Сеарх“, бидејќи тој нуди повеќе опции за приспособување. Можете лесно да го конфигурирате „Хугл“ преку неговиот кориснички интерфејс, но на пример не можете да го промените пребарувачот од „Гугл“ на „Бинг“.

Споредба со пребарувањето на „Гугл“

Најголемата разлика е отсуството на прегледи на вештачка интелигенција. И додека е можно да се исклучат резимеата на вештачката интелигенција, „Гугл“ го отежнува тоа сè повеќе. Со „Хугл“ не ви се потребни никакви трикови - едноставно не постојат прегледи на вештачка интелигенција. Сè уште можете да добивате истакнати фрагменти, но без „помош“ од вештачката интелигенција.

Споредувајќи ги резултатите во „Хром“, разликите не биле премногу очигледни - веројатно затоа што блокаторот на реклами веќе ја филтрирал содржината, иако бил исклучен.


А што е со локалните резултати?

Важно е да се напомене дека кога „Хугл“ испраќа барање до „Гугл“, „Гугл“ сè уште ја гледа „Ај-пи“ адресата на вашиот сервер. Ако сакате да ја заштитите вашата „Ај-пи“ адреса, најдобро е да го хостирате „Хугл“ на ВПС сервер. Исто така, се препорачува да го користите заедно со приватен прелистувач и ВПН за дополнително да ја заштитите вашата приватност.

Веќе некое време се експериментира со алтернативни пребарувачи за да се избегнат растечките проблеми со резултатите од „Гугл“. Би требало овој проект да продолжи бидејќи ова е еден од најлесните начини да добиете пребарување без реклами.

Извор: benchmark.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија