X
 13.04.2018 Култура

Ова е најубавиот аеродром на светот


Авион на писта
(Фото: Pixabay)


Индипендент“ ја објави листата со најубави аеродроми на светот врз основа на мислењата на вљубениците во авијацијата и во патувањата со авион.

Во истражувањето спроведено од „Прајватфлај“ биле вклучени 112 аеродроми. Осум и пол илјади луѓе го споделиле своето мислење на оваа анкета.

Првото место било обезбедено за аеродромот „Донеган“, кој се наоѓа во Ирска, а е опкружен со плажи на Атлантскиот Океан. Веднаш зад него на листата се најде шкотскиот аеродром „Бара“, чија писта всушност е плажа. Третото место му припадна на францускиот аеродром „Ница“, кој е сместен на Азурниот Брег.

Целата листа изгледа вака:

1.    Донегал, Ирска
2.    Бара, Шкотска
3.    Ница, Франција
4.    Квинстаун, Нов Зеланд
5.    Саба, Кариби
6.    Орландо Мелбурн, САД
7.    Торонто Били Бишоп, Канада
8.    Лондон Сити, Велика Британија
9.    Сент Мартин, Кариби
10.   Мајами, САД


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура