Данецот Нил Харибсон е првиот официјален признат киборг во светот. Тој е роден како далтонист и со години живее со малечка камера фиксирана на неговата глава која е директно поврзана со неговиот мозок и му помага да ги препознава боите.
На негово барање, данската влада официјално го призна како кибор и овој термин му беше ставен и во неговите лични документи.
На другиот крај на светот, во Америка, американската војска со години експериментира со HULC (Human Universal Load Carier) - систем кој војниците можат да си постават себеси. Тој им овозможува огромна сила и издржливост. Овие системи се толку развиени што се веќе вклучени во употреба не само кај американските војници туки и кај војските од Јужна Кореја.
Луѓето на кои технологијата им е вградена во телото им го олеснува животот, односно им го овозможува животот. Колку луѓе денес имаат вграден пејсмејкер, што им овозможува стабилна работа на срцето? Или кохлеарен имплант кој им овозможува да слушаат? Вештачки колк? Сите овие луѓе без модерната технологија би живееле тежок живот.
Но, вистинската револуција допрва треба да дојде. Во следните неколку години ќе се случи голем технолошки чекор напред и огромен дел од луѓето во своите тела ќе имаат различни вградени уреди. Голем дел од нив ќе бидат од суштинско значење за човекот: станува збор за технолошки импланти кои луѓето ќе ги носат под кожата и ќе го направат нашиот живот полесен и попријатен. Всушност, светот со забрзани чекори од кон тоа со помош на импантите да стане вистински супер човек.
Една од првите вакви направи достапни во побогатите делови од светот се телефоните вградени во подлактицата на човекот. Експериментите со овој тип на технологија се веќе направени, а минатата година уметникот Ентони Атноелис веќе вградил RFID комуникациски чип кој му овозможува целосна употреба на паметен телефон кој е под неговата кожа.
Ќе не` чуваат од болести
Сепак, колку и да е вградениот телефон (не)практичен, поголемиот број уреди кои наскоро ќе ги имаме во телото, ќе ја следат нашата здравствена состојба.
Денес илјадници луѓе чекаат соодветен донатор за трансплантација на срце, бубрези, бели дробови или други органи. Наскоро оваа листа на чекање нема да постои, и ќе се поедностави концептот на трансплантација со производство на вештачки органи. Од пациентот ќе се земаат неколку клетки кои во посебни лаборатории ќе се размножат, со што ќе се создаде материјал за правење органи. Овие клетки подоцна се внесуваат во биопритнер кој го „печати“ потребниот орган. Со оглед на тоа што органот ќе биде направен од клетките на самиот пациент, не постои опасност да биде отфрлен, такашто нема да има потреба од лекови кои ќе го намалуваат имунитетот на пациентот. Оваа технологија е веќе во употреба бидејќи досега се изведени неколку трансплантации на кожата во кои кожата е „произведена“ на вакво начин.
Имплантите ќе помагаат и во планирањето на семејство. На местото на постоечките контрацептивни методи, апчиња и кондоми, во блиска иднина ќе користиме микрочип кој ќе ја објави количината на контрацептивните хормони. Иако ќе бидат вградени во телото, овие микрочипови ќе можат да бидат управувани со далечински управувач. Едноставно, во моментот кога нема да ви биде потребна контрацепција, ќе можете да го исклучите микрочипот.
Тетоважите отклучуваат врати
Другата технологија која футуролозите сметаат дека е „пред врата“ се чиповите кои ќе ја надгледуваат здравствената состојба на сопственикот. Станува збор за еден вид на сајбер импланти кои се поврзани со мобилниот телефон на сопственикот кои постојан ги следат промените во телото, но и лечат одредени болести или помагаат во одржувањето на третман за хроничните болести. Taка, денес Универзитетот во Бостон тестира бионички чип, во интеракција со паметниот телефон на сопственикот, кој постојано го следи нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите за да сигнализира кога е време за инсулинска инекција. Овој вид на микрочип се применува за голем број на хронични или акутни заболувања.
Во развојот, меѓу останатото е и револуционерната технологија која ги поврзува мислите со акциите. Конкретно, станува збор за имплант кој на лицата со телесен инвалидитет ќе им овозможи конвертирање на мислите во акции. На тој начин тие преку мислите ќе можат да управуваат со роботски раце, да бидат во можноста фаќаат предмети, да јадат итн. Во најмала рака, ќе бидат во можност да ги прават сите функции.
Оваа неверојатна технологија не е толку далеку колку што изгледа. Според Интел, најголемиот производител на чипови, нивните импланти кои веќе се развиваат под името „BrainGate“, предвидува дека овие уреди ќе им бидат достапни на пациентите во 2020 година.
Имплантите кои ќе бидат вградени во телото не се однесуваат исклучиво на здравствената заштита и лекувањето. Повеќето од нив се фокусираат на олеснување на животот. Една од нив ќе биде и паметната тетоважа чиј потенцијал според научниците ќе биде огромен. Со други зборови, тетоважите ќе можат да отклучуваат автомобили, влезни врати од станови и компјутери и паметни телефони. Секако, тука станува збор за дигитални тетоважи ставени под кожата кои ќе имаат способност да комуницираат со другите уреди.
Друга интересна технологија е сајбер пилулата. Станува збор за уред кој не може да се вгради во телото туку да се проголта, меѓутоа ќе биде доста корисна. Оваа таблета ќе биде поврзана со нашиот паметен телефон и со компјутерот на докторот. Кога ќе се проголта, ќе може да се направи преглед на целото тело и внатрешните органи.
За жал, пилулата нема да може да открие клетки на тумор, но и за тоа е пронајдено решение. Станува збор за мал електронски уред со големина на зрно од песок кој се вградува низ целото тело. На тој начин уредот формира одбранбена мрежа која го следи целото тело и предизвикува појава на клетки на туморот.
Идентификација под кожата
Секако, овие електрични уреди сместени во телото треба да бидат управувани од одреден вид на енергија. Ова е причината зошто во развој е посебен вид на биоразградлива батерија која ќе ја обезбеди потребната моќ за сите уреди кои наскоро ќе бидат инсталирани во телото. Оваа батерија моментално се развива на Универзитетот во Кембриџ, а откако ќе биде потрошена, едноставно ќе се растопи во телото и ќе оди во крвотокот.
Последниот уред кој постојано се споменува во јавноста е чипот. Наместо лични карти или пасоши, ние ќе имаме чипови вградени под кожата каде што ќе бидат сместени сите информации за нашиот идентитет, националноста и социјалната состојба. Дали ова ќе биде добра работа? Сигурно ќе биде практична, а за добра, останува да видиме.