X
 18.12.2015 Образование

Росоклија нов претседател на Одборот за акредитација

Денеска се одржала седница во нов состав на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование. За нов претседател е избран професорот Горазд Росоклија. Ова тело има надлежност да обезбедува и го оценува квалитетот на високото образование во Македонија.


Новиот состав, согласно член 70 од Законот за високото образование брои 23 члена, од кои 9 од редот на професорите избрани од Интеруниверзитетската конференција, соодветно на застапеноста на универзитетите според нивното учество во вкупниот број на прв пат запишани студенти во студиска година, двајца членови од Македонската академија на науките и уметностите, еден претставник на најрепрезентативното тело на работодавачите, двајца членови од интеруниверзитскиот парламент на студентите и 9 членови именувани од Владата, од кои најмалку шест се од редот на професорите на високообразовните установи.

Одборот е самостоен во својата работа и во рамките на својата надлежност врз основа на принципот на стручност и компетентност: утврдува дали со проектот за основање на високообразовна установа и поднесената документација се исполнети условите за вршење на високообразовна дејност; одлучува за акредитација на научна установа која сака да врши високообразовна дејност на студии од втор и трет циклус на студии; утврдува дали високообразовната установа ги исполнува условите за организирање на студии за нови студиски програми и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа; дава акредитација на студиски програми; најмногу на секои пет години го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручната работа, на академскиот кадар и на студиските програми на високообразовните установи и врз основа на оценката ја продолжува или одзема акредитацијата; врз основа на извештаите од надворешната евалуација на високообразовните установи, ја следи исполнетоста на условите на високообразовните установи на кои им е дадена акредитација и одобрение за почеток со работа и врз основа на тоа може да ја одземе акредитацијата; води евиденција за акредитираните високообразовни установи и за други акредитации; дава препораки потребни за подобрување на нормативите и стандардите за вршење на високообразовна дејност и врши други работи утврдени согласно Законот за високото образование. Членовите на Одборот имаат мандат во траење од четири години.

Во претседателската фотелја со години седеше професорот Михаил Петковски од Еконосмкиот факултет. За нов прв човек на Одборот од страна на членовите, е избран академик проф. д-р Горазд Росоклија.

За претседател на Одборот од страна на членовите е избран академик проф. д-р Горазд Росоклија. Тој е светски признаен научник во областа на невропатологијата и невроимунологијата, а од 1992-та година е професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија во Њујорк, САД.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование