X
 15.06.2020 Култура

Можете ли да ги пронајдете сите 25 филма на сликата?

Дали се сметате за голем љубител на филмови? А дали би се осмелиле да си го проверите знаењето?

На фотографијата подолу се сокриени мотиви од 25 светски познати филмови.

Главно станува збор за предмети што ги користат главните ликови и кои можат да ве асоцираат за кој филм станува збор.

Ако се сметате за вистински љубител на филмови, пробајте да ги најдете сите.

Решенијата се под фотографијата.



1. Златната брзалка од „Хари Потер“.
2. Шапката на капетанот Џек Спероу од „Пиратите од Карибите“
3. Постерот од Рита Хејворт од филмот „Бегство од Шошенк“.
4. Светлечката сабја од „Војна на ѕвездите“.
5. Дупка во вратата од „Сјаење“.
6. Маска од „Сложувалка на стравот“.
7. Костимот на Дон Корлеоне од „Кум“.
8. Црвен балон од филмот „Тоа“.
9. Торба од „Форест Гамп“.
10. Реактор на Тони Старк од „Ајронмен“.
11. Вокмен од „Чувари на галаксијата“.
12. Роза од филмот „Убавицата и ѕверот“.
13. Знак со натпис „Human“ од „Пристигнување“.
14. Фикус од „Леон: Професионалецот“.
15. Патики на Марти Мекфлај од „Враќање во иднината“.
16. Магична топка од „Пат број 60“.
17. Четири елементи од „Петтиот елемент“.
18. Ѓердан од „Титаник“.
19. Вртимушка на Коб од „Почеток“.
20. Уред за бришење меморија од „Луѓе во црно“.
21. Игра од „Џуманџи“.
22. Тепихот од „Големиот Лебовски“.
23. Пилули од „Матрикс“.
24. Пенкалата кои Џон Неш ги доби од колегите во „Прекрасен ум“.
25. Прстен од „Господар на прстените“.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура