Доколку пропуштивте...
Д-р Мендух Јегени: Пред да зборуваме за стерилитет предизвикан од вакцините против ковид-19, не треба да го премолчиме ова зло! Треба да се плашиме од ковид-19, а не од вакцините против овој вирус, велат лекарите и постојано апелираат на имунизација по пат на вакцинација. Ние побаравме мислење од врвниот гинеколог, прим. д-р Мендух Јегени:
- Ова е мултисистемска болест која го напаѓа целиот организам, секој систем на свој начин е под ризик од вирусот. Науката во блиска иднина ќе каже многу повеќе за коронавирусот. За да може да дискутираме за фертилитет, не треба да го премолчиме ова зло. Едниот начин е да не дојдеме во контакт со вирусот, вториот е да се вакцинираме. Мојот став е сите да се вакцинираат!
Кога бев студент со Оливер Јосифовски од „Љубојна“: Кај одиш со креветот?, Кај одиш со чамецот?, Кај одиш со гајдата?... му дофрлувале додека го „тркалал“ контрабасот Нашиот етаблиран музичар со потекло од Битола е познат како основач на групата „Љубојна“, која ја предводи со својата сопруга Вера Милошеска-Јосифовска. Но, тоа е само дел од неговиот богат дводецениски музички опус. Тој е еден од основачите на култниот битолски бенд „Фолтин“, член е на низа реномирани македонски џез-состави, а воедно е и еден од најбараните композитори за театарска музика. Всушност, „Љубојна“ како проект произлегол од ангажман во претставата „Парите се отепувачка“. Зад себе има 130 претстави на кои работел музика, но и неколку играни и документарни филмови, како и балетски претстави.
Борче Стаменов стаса до 1.000 донации: Чувството е исто како и за првиот дониран компјутер, но 10.000 пати посилно Кавадарчанецот Борче Стаменов, кој собира расипани лаптопи и компјутери и од нив креира нови кои ги праќа онаму каде што е потребно, денеска гордо објави дека го испратил јубилејниот 1.000. компјутер. Чувството е исто како и за првиот дониран компјутер, вели тој, пет години по започнувањето на иницијативата која одекна далеку и го привлече вниманието и на италијанските продукции, кои најавија снимање на документарец за истата.
„Македонското пожарникарство е оставено на ентузијасти, благородната професија постепено замира“. Интервју со Боби Вељаноски, генерален секретар во Независниот синдикат за пожарникари Пожарите кои од 2 август зафатија широк дел од територијата на Македонија, како Кочанско, Штипско, Прилепско, Кумановско, Гевгелиско, а најкритично беше на потегот од Пехчево до Делчево, треба да бидат последен аларм за државата да го промени односот и да почне процес за реформирање на системот за заштита од пожари. Пожарникарите вложуваат натчовечки напори да успеат да ги локализираат настанатите пожари секаде каде што се појавуваат, насочувајќи се да спасат што е можно повеќе материјални добра, имоти и секако човечки животи.
Боби Вељаноски, генерален секретар на Независниот синдикат на пожарникари на Македонија, пожарникар командир на вод во БППЗ на Град Скопје, со ефективен стаж како пожарникар од 27 години, вели дека од кадровскиот капацитет, каде недостасуваат пожарникари, па сè до техничкиот, во кој просекот на старост на техниката е над 27 години, се два основни елемента на кои треба итно да се работи.
Студентските домови од октомври ќе работат со полн капацитет. Забрането ќе биде собирање по соби, а во менза ќе се руча на дистанца Неофицијално, за надворешни лица се размислува да се бара сертификат за примена вакцина при влез во некој од студентските домови. Она што сега е нејасно е дали и станарите при вселувањето ќе мора да покажат сертификат за примена вакцина или документ за прележан ковид или, пак, негативен ПЦР-тест.
Милан Мијалковиќ, наш архитект и уметник во Виена: Целта е да се дојде до вистинското решение, понекогаш дури и да се убеди инвеститорот воопшто да не гради Архитектонското решение „Музеј Мацура“ на македонскиот архитект и уметник Милан Мијалковиќ деновиве ја доби престижната меѓународна награда за архитектура BigSEE Award, последно во низата признанија за неговите инвентивни проекти, забележани од светската архитектонска јавност.
Мирис на роза и море преплетен со вкусна храна, забава и уметност. На плажа и културно освежување во Бугарија Мирис на роза и море преплетен со вкусна храна, забава и културни знаменитости. Веројатно ова е најдобриот опис за една екскурзија низ Бугарија на која можете да заборавите на политиката и да се посветите на одморот, исполнетите прошетки, вкусната храна и долгите забави.
Галичник лете се претвора во културен центар, но треба повеќе за да заживее во полн сјај Во секој сектор од нашето битисување и работење, не само за Галичник, во последните децении фали комуникација. Сите се затворивме во своите мали микро наративи, обидувајќи се на секаков начин да се избориме и да опстанеме, а подзаборавивме да гледаме поглобално, да комуницираме критички и да го извизионираме големиот наратив. Токму тоа му фали и на ова култно место и на организаторите на посебните сегменти од културната програма, да заживее во полн сјај, а тоа е повеќе разговор, дискусија, размена на искуства, соработка и гледање во интерес на големиот наратив, вели Ана Франговска, организаторка на Ликовната колонија во Галичник.