X
 10.06.2016 Наука

Што знаеме за феноменот дежа ву?

Речиси две третини од луѓето доживеале дежа ву барем еднаш во животот. Се работи за она чудно чувство кога се' изгледа познато. Тогаш, чувствувате дека веќе сте биле на истото место и сте ја правеле истата работа што ја правите во моментов.


Дежа ву е француски термин и значи „веќе видено“. Историски, првиот пат кога бил забележан феноменот било во 400-та година, од страна на Свети Августин, кој го нарекол феноменот „лажен спомен“. Терминот дежа ву првпат бил искористен во 1876 годин, но бил признаен од страна на научната заедница во 1896. Постојат повеќе теории за објаснување на овој феномен. Но, ниту една досега не била докажана.

Теорија за двојно процесирање

Ова се случува кога две насоки за когнитивна активност кои треба да се случат истовремено не се синхронизирани. Такви насоки кои треба да се добро координирани се познатост и враќање на меморија. Ова значи дека нешто треба да ви биде познато за да го запомните. Според теоријата за двојно процесирање, има мало задоцнување во процесирањето на една од информациите кои ги примате. Информацијата тогаш се процесира како настаните да не се случуваат во исто време и затоа добиваме чувство на познатост, како нешто веќе да се случило.

Холограм

Постои хипотеза дека меморијата се чува во мозокот во форма на холограми и секој дел е потребен само за да се запомни целата слика. На пример, вашиот мозок го забележал украсот на ѕидот во домот на пријателот како нешто од минатото. Можеби го помните од нечија друга куќа. Но, вашиот мозок веќе ја процесирал целата меморија за украсот без да го препознае, со што се добива чувството на дежа ву.

Теорија за поделено внимание

Теоријата се основа на претпоставката дека симултаните перцепции на еден момент може да предизвикаат дежа ву. Имено, ова се случува кога нашиот мозок прима некој аспект од околината, нешто што ни го одзема вниманието, одвлекувајќи ни го вниманието од другите аспекти во моментот. Кога ќе се врати нашето целосно внимание, добиваме чувство на познатост, односно доживуваме дежа ву.

Задоцнета нервна трансмисија

Според оваа теорија, се појавува „грешка“ или задоцнување во префрлањето на информациите од еден до друг нерв. Оваа теорија може да се тестира научно со мерење на брзината на префрлањето на нервите, но е тешко да се спроведе бидејќи дежа вуто е субјективно кратко искуство.

Покрај сите овие теории, модерниот концепт за дежа ву останува нејасен. Напредокот на технологијата може да ни помогне да го објасниме феноменот наскоро, но засега, тој останува мистерија.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука