X
 11.08.2016 Живот

Зошто секој вработен треба да има неограничени денови за одмор?

одмор

 

Од 2004 година, вработените во Netflix имаат земено колку сакаат денови за одмор. Тие имаат слобода да одлучат кога ќе се појават на работа, кога земат пауза и колку време ќе биде потребно за да ја завршат работата. И ова воопшто не влијаело врз заработката на Netflix. Всушност, после воведувањето на оваа политика, компанијата ја зголеми својата вредност на 51 милијарда долари.


Само затоа што постои флексибилност во оваа компанија, не значи дека нема одговорност. Вработените мораат постојано да ги известуваат менаџерите за нивната работа, и од нив се очекува да си ја извршуваат работата на високо ниво. Високите перформанси се толку вкоренети во културата на оваа компанија, што тие ја наградуваат ефикасноста.

Вработените имаат неограничен одмор бидејќи никој не го следи нивното време. Наместо да микроменаџираат како луѓето си ја извршуваа работата, лидерството се фокусира само на она што е важно - резултатите. Тие открија дека ако им дадат поголема автономија на луѓето, со тоа ќе создадат поодговорна култура. Без правилата кои задушуваат, вработените се пофокусирани и попродуктивни.

Кога Netflix се'уште ја имаше политиката за обичен одмор, вработените прашаа едно едноставно прашање:

„Не го следиме времето кое го поминуваме надвор од канцеларијата - како на пример одговарање на меилови од дома и работата која ја извршуваме навечер во текот на викендите - зошто тогаш да го следиме времето кое го поминуваме надвор од работата?“

Менаџментот ги послуша и не можеше да ја негира едноставната логика позади нивното прашање.

За време на индустриската ера, кога луѓето работеа од 9 до 5, плаќањето на времето имаше смисла. Но, со напредокот на технологијата повеќе не е ваков случајот. Луѓето работат кога работата треба да се заврши, каде и да се наоѓаат. Не постои такво нешто како „после работа“.

Денес оперираме во економија со учество, каде луѓето се мерат  се платени според она што го произведуваат. Кога станува збор за времето кое не го поминуваме на работа, се'уште се држиме до остатоците од индустриската економија, каде луѓето биле платени за времето кое го трошеле на работа. Ова е огромен демотиватор. Netflix го сфати ова и ја промени политиката за да го одрази начинот на кој работата се завршува.

Додека Netflix е една од првите значајни американски компании кои прифати ваква политика, идејата не започнала тука. Бразилската компанија Semco е таа која повеќе од 30 години нуди неограничен одмор.

Откако се соочил со болест на 21 година, Рикардо Семлер, синот на основачот на компанијата, сфатил дека распоредот кој го имал во текот на денот полека го убивал. Ако го убивал него, значи ги убивал и неговите вработени. Затоа, донел радикална одлука да го промени распоредот, деновите за боледување и времето за одмор.

Спротивно на загриженоста дека продуктивноста ќе опадне, Семлер откри дека неговите вработени всушност станале повеќе продуктивни и лојални, а кога вработените напредувале, напредувала и компанијата. Кога Семлер за прв пат ја вовел оваа политика во 1981 година, компанијата вредела 4 милиони долари. Денес вреди над 1 милијарда долари.

Во Македонија одморот може да трае до 26 дена. Во Австрија, Данска, Финска, Франција, Луксембург и Шведска вработените добиваат 25 дена платен одмор, додека во Бразил вработените добиваат 30 дена платен одмор плус 11 национални празници.

Компаниите ги бранат нивните строги политики за одмор бидејќи веруваат дека вработените ќе искористат многу други работи. Но, компаниите кои се обиделе да дадат неограничен одмор, откриле дека тоа воопшто не е случајот. Слободата на луѓето им дава силно чувство за сопственост и одговорност, такашто повеќето од вработените воопшто и не земаат одмор.

Работодавците кои вовеле неограничен одмор исто така морале да создадат политика со која ги охрабруваат луѓето да земат одмор. Така на пример, Evernote, им дава на своите вработени 1.000 долари за да одат на одмор, додекa FullContac на своите вработени им дава неверојатни 7.500 долари.

Додека зависниците од работа звучат добро теоретски, паметните компании не сакаат вакви работници. Тие знаат дека кога нивните вработени земаат одмор, тие ја обновуваат енергијата - особено кога имаат слобода да земат одмор кога им е потребен, тие се враќаат уште покреативни и попродуктивни. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот