X
 17.11.2016 Образование

Предмети што секое училиште треба да ги има

„Сум забележал еден фасцинантен феномен во моите 30 години работа како учител: Училиштата и образованието се повеќе се безначајни за големите организации на планетата. Никој не верува повеќе дека научниците се обучуваат на часовите по наука или политичарите на часовите по граѓанско општество или поетите на часовите по англиски јазик. Вистината е дека училиштата навистина не учат на ништо, освен како да се потчинувате на наредбите"- Џон Тејлор Гато.

„Ние ќе ви кажаме нешто важно. Веројатно веќе го знаете ова, но треба да се нагласи повторно и повторно“-пишува Еxpandedconsciousness.


училиште


Образовниот систем пропаѓа. Застарен, неважен, нефер, па дури и опасен. Она што ги учиме нашите деца на училиште има мала примена во реалниот свет, а сега помалку од кога и да е кога технологијата и културата се развиваат со толку брза стапка.


Иако може да биде потребно време пред навистина да бидеме во можност да го подобриме системот, важно е да почнеме да гледаме на она што се изучува во наставната програма. Правејќи го тоа ќе ни помогне да се едуцираме себеси за вештини кои ќе ни овозможат да напредуваме, а не само да се поднесуваме во нашите животи.

Ова се 6-те предмети што секое училиште треба ги има во наставата:


Медитација

Далај Лама беше цитиран кога рече: „Ако секое 8 годишно дете во светот беше учено на медитација, ние ќе успеевме да го елиминараме насилството од светот во рамките на една генерација."

Иако ова може да го сфатиме како претерување, бидејќи има стотици општествени фактори кои треба да бидат земени во предвид за намалување на насилството, точно е дека може драстично да се намали страдањето на милиони луѓе. Медитација е број еден вештина која треба да се изучува во училиштата.

Лични финансии

Повеќето од нас го напуштат средното училиште не знаејќи како да платат кирија, а камоли како да останат надвор од кредитните задолжувања, балансирање на нивните сметки или да одлучат за најдоброто осигурување. Справување со личните финансии на ефективен начин во реалниот свет треба да се учи од многу рана возраст, така што ќе стане втор јазик за децата.

Разговор

Ова е вештина која ние мораме да ја користиме речиси секој ден од нашиот живот, но ние никогаш не сме имале формални лекции кои ќе не учат на основите за одржување на разговор како што се: слушање, изразување себеси и комуницирање со намера.

Право

Освен ако не продолжиме да учиме за правници и адвокати, повеќето од нас имаат многу малку разбирање за тоа како навистина функционираат законите. Со оглед на тоа што поголемиот дел од луѓето ќе завршат во правен спор во одреден момент од својот живот, важно е нашите деца да бидат запознаени со законот, а особено за нивните права.

Емоции и самосвест

Емоциите се нешто со што ние постојано се соочуваме, бидејќи ние не ги разбираме, повеќето од нас дозволуваме нашите емоции да не контролираат нас, а не обратно. Самосвесноста е вештина од витално значење не само да ни помогне да ги насочиме нашите животи во вистинскиот правец, но и за да развиеме емпатија за поврзување со другите луѓе.

Готвење и исхрана

Повеќето од нас јадат оброци три пати на ден до крајот на животот, па на некој начин е смешно што ние го напуштаме училиштето без да знаме за основите на готвењето.

Исто така, исхраната во голема мера го одредува нивото на енергија и во поширока смисла квалитетот на нашиот живот, па затоа е од витално значење нашите деца да го разберат сето ова пред да се осамостојат.
SaveSaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование