X
 29.11.2016 Култура

Древната тајна на јапонските будистички монаси


Мумија

Од 11 век п.н.е. па сè до 19 век, Шингон монасите од Јамагата во Јапонија, биле многу  дисциплинирани за да можат да ја  практикуваат техниката сокушинбутсу, чија цел е самомумификација. Засега со сигурност може да се потврди дека во текот на овој макотрпен процес, само дваесет и четворица монаси успеале да издржат и да починат на начин на кој нивното тело останало мумифицирано.

Кикаи, монахот кој го основал овој ред, ја донел техниката од Кина.

Монасите верувале дека ваквиот начин на самодеструкција ќе им помогне да станат слични и поблиски до Буда. Освен тоа, им било многу важно да знаат да постигнат еден вид на блаженство во кое, според будистичките сфаќања, било неопходно за телото да може да ужива во материјалните придобивки.
Процесот на изгладнување што водел кон смрт, а со самото тоа и кон мумификација, се случувал во недостапните  планински предели во Јапонија.

Во тие надостапни предели се хранеле со иглички, корења, кора од дрвја, разни плодови, бобинки и семиња, со што ги исфрлале мастите и отровите од организмот. Тие практикувале ваков начин на исхрана во период од 1000 денови до 10 години, земајќи по многу мали количини вода, колку за да преживеат. После овој период, пиеле мали количини чај од кинеско лаково дрво, од што повраќале и губеле течности. Овој чај ги спречува црвите и ларвите да се хранат со телото, откако човекот ќе почине.

Кога ќе проценеле дека им се наближува судниот час, монасите се вовлекувале во кутии направени од борово дрво и почнувале со медитирање. Кутиите биле спуштани во земја од страна на другите монаси, кои ги  покривале со јаглен и оставале мал отвор низ кој закопаниот можел да дише преку бамбусово цевче. Во кутијата им оставале и ѕвоно за да даваат знак дека се живи. Престанувањето на ѕвонењето, значело дека веќе починале.

Овој ритуал во 1877 година бил забранет со закон во Јапонија, но забележан е случај на мумификација во 1903 година, како што наведува ВиралНова.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура