X
 14.12.2016 Култура

Животот на легендарниот Френк Синатра

Оскар, 13 Греми награди, 58 филмови, 250 милиони продадени плочи, четири сопруги, три признаени и едно непризнаено дете и мноштво пријатели од едната и другата страна на законот, го направиле животот на пејачот и актерот Френк Синатра легендарен. Починал на 14 мај 1998 година од срцев удар, но неговата музика е бесмртна.


Контроверзен и на сцена и надвор од неа, Синатра имал бурен живот. Неговите љубовни афери, проблеми со алкохолот и работните подеми и падови се тема на многу расправи, а неговата поврзаност со мафијата детално е анализирана во медиумите.

Несуден новинар

 

Френсис Алберт Синатра роден е 12-ти декември 1915 година во Хобокен. Го напуштил средното училиште на 15 години со желба да стане спортски новинар. Од секогаш се интересирал за спортот. „Новинарската“ кариера ја започнал како возач на камиони за весникот „New Jersey Observer“, а подоцна започнал и да работи во редакцијата. Немањето образование претставувало голем проблем, бидејќи уредниците сметале дека обичаен работник не може да биде новинар. Со време и тоа самиот тоа го сфатил, па се запишал на вечерно училиште за новинарство. Трудот се исплатил и добил работа, но животот го одвел на друга страна.

Со музика започнал да се бави многу рано. Не ги знаел нотите и немал формално образование, но имал совршен слух кој не се нарушувал ниту заради пукнатото ушно тапанче. Некои тврдат дека до ова дошло заради тепачка во младоста, а други дека настанало уште за време на породувањето на неговата мајка. Наводно, Френк кога се родил 6 килограми, а неговата мајка била ситна жена, така што породувањето било навистина тешко и Френк можел да не преживее.

Платил за да избегне одење во војна?

Споменатата повреда била дополнителна причина за Синатра да не оди во војна. Имено, тој ги бодрел војниците пеејќи им пред заминување на фронт. Сепак, се зборувало дека Синатра 40 илјади долари за да ја избегне воената обврска. Во неговиот здравствен картон наводно пишува дека бил невротичен, но ФБИ никогаш не успеал да докаже дека дезертирал.

 

Меѓутоа, за време на Втората светска војна не бил обожуван, бидејќи често одел во коцкарници, многу заработувал и се забавувал со убави девојки одека другите гинеле на фронт. На една од многубројните забави го запознал Томи Дорси, едно од најголемите имиња од ерата Биг Бендовите, кој бил познат под името „Sentimental Gentlemen of Swing“. Набрзо започнале соработка која траела три години. Единствен, но не и безначаен проблем кои го имале бил договорот кој наводно не бил поволен за Френк. Се зборувало дека со договорот бил обврзан цел живот да споделува 35 проценти од заработката со Дорси.

Паралелно со изградбата на музичката кариера, почнал да ги посетува и филмските студија надевајќи се дека со некоја улога би стекнал слава. Тогаш веќе бил во брак со Ненси Барбато, со својата љубов од детството која исто така била пејачка.

Поврзаност со мафијата 

Од почетокот на кариерата, се зборувало за неговата поврзаност со мафијата. Благодарение на неговите пријатели од подземјето успеал да го раксине договорот со Дорси. Во 1946 го снимил првиот соло албум „The Voice of Frank Sinatra“ со 15 хит синглови. Неговите плочи се продавале во милион примероци и медиумите го обожавале.

 

Жени, забава и алкохол

„Алкохолот е човековиот најголем непријател, но Библијата вели да ги сакаме нашите непријатели“, ова го велел Синатра чија омилена здравица била : „Да доживеете стота и последниот глас кој ќе го чуете да биде мојот.“

Бракот со Ненси Барбато не бил стабилен заради неговата врска со Ава Гарднер. Откако се развел од Ненси, веднаш потоа се венчал со Гарднер.

Заради Ава добил и Оскар

Бурниот брак на Ава и Френк траел две години, но тој и по разводот ја чувал нејзината фотографија покрај огледалото. Наводно баш таа му ја осигурала споредната улога во филмот  „Од овде до вечноста“, која му донесе и Оскар. Од друга страна се зборува дека и за тоа е заслужна мафијата.

По разводот со Гарднер се обидел да се убие. Заради психичката криза, одредено време не бил во состојба да пее, но откако се опоравил, продолжил да настапува по ноќните клубови во Лас Вегас со Дин Мартин и Семи Дејвис, а во тоа време негови љубовници биле Натали Вуд и Лорен Бекол.

Киднапирањето на синот и пропаста на третиот брак

Иако водел бурен живот, сепак бил многу врзан со своите деца. Во 1963 година неговиот син Френк Јуниор бил киднапиран, за кој платил 250 илјади долари. Третиот брак со Миа фароу бил завршен по само 16 месеци. Причината за развод била тоа што наводно таа одбила да глуми со него во филмот „Детектив“, па тој на самиот сет и ги донел документите за развод.

 

Тој се одлучил и по четврти пат да стапи во брак со Барбара Маркс. Со неа поминал 22 години, се до неговата смрт. Иако бил драг и забавен човек, бил склон на нагли промени на расположението. Во само еден момент знаел да стане агресивен. Наводно пател од биполарно нарушување, а последните години и од деменција.

Последните денови

Им помагал на младите пејачи во почетоците на кариерата, а дал и стотина милиони долари во хуманитарни цели.  

 

Последната реченица која ја кажал била : „Се губам...“. Еден ден после неговиот погреб, најголемите хотели и казина ги намалиле светлата, а Empire State Building светела во сина боја во негова чест. Имено, еден од неговите прекари бил „Blue Eyes“. На неговиот гроб испишано е : „The best is yet to come“. 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура