X
 11.03.2017 Култура

Народот со најдобриот вид во светот

Племето Химба, полуномадски народ, поголемиот дел од своите денови ги поминува грижејќи се за својата стока.

1
Фото извор: Hans Stieglitz / Wikimedia Commons 

Додека сè поголем број на племиња го напуштаат селскиот начин на живот и се селат во градовите, припадниците на ова племе со внимание го чуваат својот начин на живот. Сепак, сè се менува, па така и тие полека ги напуштаат селата.

Ова племе претставува идеална можност научниците да проучат како модерниот живот влијае врз нашиот вид. Резултатите покажаа дека го менува од основата, а науката сè уште не може целосно да ги објасни овие промени. Она со кое сите се согласуваат е едноставната теза: Членовите на племето Химба поразлично го гледаат светот од нас.

Првите знаци дека домородците различно го доживуваат светот ги открил В.Х.Риверс уште на почетокот на 20-от век. Жителите на островот во близина на северниот брег на Австралија биле подложени на различни тестови за вид, а најпозната илузија била Милер-Лајеровата.

Погледнете ги стрелките на сликата подолу и обидете се да процените која линија е подолга.

1
Фото извор: Wikimedia Commons

Линиите се со иста должина, но повеќето луѓе од Западот ќе кажат дека долната линија е подолга и тоа за околу 20%. Од друга страна, Риверс откри дека домородците многу подобри ги проценуваат односите. Милер-Лајеровата илузија не им направила проблеми со проценката.

До ист заклучок дошле и други истражувачи кои ги проучувале овие домородци. Резултатите покажале дека од Индија до Калахарија, домородците гледаат подобро од западњнаците.

Џулс Давидоф од Универзитетот во Лондон истражувал како членовите на племето Химба гледа и кои илузии би можеле да им претставуваат проблем. Голем дел од неговите први експерименти биле концентрирани околу Ебингхаусовата илузија.

Погледнете ги портокаловите кругови на сликата и обидете се да процените кој од нив е поголем.

2
Фото извор: Wikimedia Commons

Западњаците ќе сметаат дека кругот од десната страна е поголем, иако тие имаат идентична големина.

Давидоф открива дека припадниците на племето Химба немаат проблем со оваа илузија и правилно велат дека и двата кругови се еднакви. Причината за оваа појава е што домородците вниманието го насочуваат директно кон внатрешните кругови, и го занемаруваат надворешниот прстен сочинет од кругови.

За да го тестира овој феномен понатаму, Давидоф од домородците побарал да споредат апстрактни фигури кои се состојат од помали фигури како што е прикажано на оваа слика.

3
Фото извор: Wikimedia Commons

Домородците своето расудување го засновале врз основа на набљудување на деталите од кои е направена цела слика, наместо набљудување на ликот од кој се формирани деталите.

Последните тестови покажуваат дека припадниците на племето Химба може подолго и подобро да се сконцентрираат и полесно да игнорираат фактори кои им пречат. Во експеримент во кој требало да пронајдат одредени објекти во решетка, поместувањет на друг објект на екранот им пречело помалку отколку што им пречело на западњаците. Всушност, домородците биле најсконцентрирани членови од било која друга тестирана група.

Зошто е тоа така? Овие луѓе се доста флексибилно: иако лесно можат да ја видат „поголемата слика“, тие можат и да се насочат кон деталите. Едно од објаснувањата е тоа што оваа карактеристика е клучна за нивниот секојдневен живот. Со идентификување на обележјата на секоја крава поаособ, на пример, доведува до тоа, уште од мали нозе да стекнат способност која се занемарува во сите модерни општества. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура