X
 07.05.2017 Здравје

Како изгледа мозокот кога е под дејство на дрога?

droga

Во 1987 година, Партнерството за Америка без дрога направи навистина интересна реклама за тоа како изгледа мозокот на човекот кога е под дејство на дрога, прикажувајќи како се пржи јајце во тавче со врело масло.

Три децении подоцна, човекот знае многу повеќе за тоа како мозокот изгледа кога е под дејство на дрогата, благодарение на напредните техники, љубопитните истражувачи и учесниците подготвени да консумираат одредени дози за целите на истражувањата, додека MRI машина ги анализира.

Земањето на дрога воопшто не е слично со пржењето на јајце. Зависноста има катастрофални последици, а некои супстанции секако дека имаат долгорочни токсични ефекти. Но, различни мозоци на различен начин се справуваат со дрогата. Највпечатливото нешто во врска со ова истражување е колку добро искуствата со дрогата се редат со она што физички му се случува на мозокот: земате дрога и чувствувате како светот да се осветлил; во меѓувреме вашиот мозок е осветлен со нови и чудни поврзувања и врски кои инаку не би биле можни.

3

Вашиот мозок на LSD

Минатата година тим на истражувачи ги објавиле првите скенирања на мозокот на луѓе кои консумирале LSD со помош на современи техники на невровизуелизација. Резултатите покажале изненадувачки силна врска помеѓу тоа како луѓето ја доживуваат дрогата и што физички им се случува во нивниот мозок. Во споредба со плацебо групата, учесниците кои зеле LSD имале поголем проток на крв во нивниот визуелен кортекс и многу поголема поврзаност помеѓу визуелниот кортекс и остатокот од мозокот. Моментот кога оваа активност била најсилна бил кога луѓето изјавиле дека се соочуваат со визуелни халуцинации.

Истражувањето исто така покажа корелација помеѓу искуството на луѓето со его-распуштањето и намалената поврзаност помеѓу два мозочни региони, парахипокампус и ретроспениалниот кортекс.

a4`

Вашиот мозок на MDMA

Во 2014 година, тим на истражувачи ги објавиле резултатите од истражување во кое учествувале 19 учесници кои зеле MDMA, а кои подоцна размислувале за најсреќниот и најлошиот момент од нивните животи на MRI машина. Скенирањата на мозокот резултирале со прилично кул модел.

Учесниците го повториле експериментот два пати, еднаш на MDMA и еднаш со плацебо. На MDMA, тие ги оцениле позитивните спомени како поживописни и емотивно интензивни, додека лошите спомени им биле помалку болни.  Кога се присетувале на среќните моменти додека биле на MDMA дрога, одредени делови на мозокот поврзани со емоционалната обработка покажувале поголема активност во споредба кога тие зеле плацебо.

Ова покажува зошто MDMA инаку дрога позната како екстаза, се истражува за нејзино користење во третманите на пост-трауматски стрес.

4

Вашиот мозок на Кетамин, „печурки“ и LSD

Минатиот месец, научниците од Универзитетот во Сасекс го објавиле првиот физички доказ дека психоделичните дроги може да ве одведат во друго „царство на свеста“. Свеста е небулозна работа, а проучувањето на нејзината физичка реалност е прилично деликатна. Но, овие одлучни истражувачи пронашле начин.

Тие ја анализирале разновидноста на нервните сигнали, мерка за тоа колку се комплицирани моделите на вашиот мозок. Кога спиете, имате помалку разновидност на нервните сигнали отколку кога сте будни. Со оглед на тоа што лицето е помалку свесно кога спие отколку кога е будно, може да се каже дека во состојба на повисока свест покомплицирани работи се случуваат во вашата сива материја.

И навистина, истражувачите откриле дека учесниците имале поразновидни нервни сигнали кога биле на псилоцибин печурки, кетамин и LSD, отколку кога не биле на дрога.

5

Вашиот мозок на марихуана

Во истражување од 2006 година истражувачите откриле дека корисниците на марихуана кога станува збор за извршување на тешки ментални задачи, имале исти резултати како нивните колеги од групата во која не се консумирало марихуана.

Играта била да се следат одредени топки на екран полн со топки кои топкаат на ѕидот и една од друга. Од учесниците се барало да следат две, три или четири болки во различни рунди од играта. Скенирањето на мозокот им овозможило на научниците да идентификуваат кои региони биле активни за време на трите рунди од играта и кои региони станале активни на повисоките нивоа од играта.

Корисниците на марихуана имале одлични резултати на тестовите, меѓутоа нивниот мозок изгледал различен. Одредени региони биле помалку активни, додека други биле повеќе активни.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје