X
 23.05.2017 Култура

Колкава плата зема најплатениот директор на светот?


Човек пали пура со запалена банкнота
(Фото: Youtube)

На годишната скала на најдобро платени директори во светот за 2016 година, на третото место „Bloomberg“ го постави инвестицискиот банкар Џон С. Вајнберг, поранешниот директор во Goldman Sashs, а сега директор на Evercore Partners, со заработувачка од 127 милиони долари годишна плата. А таа сума  за овој 60-годишник е доволна само за третото место. 

На врвот на скалата за 2016 се наоѓа Марк Лор, шефот на Wal – Mart, со  заработени 237 милиони долари. Тим Кук од Apple, со 150 милиони, е на второто место. Четвртото место е за Сундар Пикаи од Alphabet Inc, коj инкасирал 107 милиони долари како годишна плата за 2016 година. На петтото место се наоѓа популарниот Илон Маск од Tesla, со 100 милиони заработувачка.

Што се однесува на Вајнберг, тој минатата година добил 88,9 милиони долари во удели во партнерството и акции, од кои третина биле поврзани со деловниот успех. Дополнителна мамка му биле и потенцијалните 35 милиони долари во готово.

„Bloomberg“ на годишно ниво ги следи 200-те најскапо платени луѓе според податоците на даночните власти на САД. Се оценуваат платите, бонусите, придонесите, делниците и промените во вредноста на пензиите. При објаснувањето  на начинот на кој го прават овој престижен список, од компанијата посочуваат и на начинот на кој функционира овој „свет“ каде „лакомоста е на цена“.  Така на пример, тие потсетуваат дека во 2011 година, Тим Кук добил огромен пакет акции од Apple при потпишувањето на десетгодишниот договор со оваа компанија, што тогаш била и негова единствена плата, па оттогаш „Bloomberg“ внимателно ја следи и состојбата со акциите и уделите.

Сличен е и примерот со Илон Маск, кој кога го потпишувал договорот со Tesla во 2012 година, прифатил 10 години да му се исплаќа ангажманот во акции, под услов да ги исполни зацртаните 10 цели. Досега, тој исполнил осум од нив, а ветените делници во овој момент вредат 1,4 милијарди долари.

Сепак, најинтересна е ситуацијата со првиот на листата, Лор. Се зборува дека истиот бил прилично изненаден со ова, затоа што откако го напуштил Amazon.com во 2015 година, на LinkedIn напишал: „Трката за пари ќе ви ја уништи кариерата“. Тој напишал и дека во текот на шестгодишниот период кој го поминал во финансискиот сектор, научил да ја доживува кариерата како индивидуален натпревар, чиј успех се мери во бонуси. „На крајот сфатив дека успехот не се мери преку платата, титулата или положбата, туку преку  влијанието кое го имате врз другите и колективната среќа на луѓето до кои допирате.“
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура