X
 25.08.2017 Технологија

Дали менувањето на автомобилските гуми ќе стане минато?!


Автомобилски гуми
(Фото: Pixabay)


Ситуација што на секој возач му е добро позната: среде возење еден мал, препознатлив звук може да ја уништи таа „идила“ во еден миг – звук на скината гума. Пцуењето, маките и нервозите што ги носи тој момент би можеле да станат минато според експертите од Харвард, кои тврдат дека развиле потенцијално решение на овој проблем.

Имено, тие создале нов материјал од кој ќе се произведуваат новите автомобилски гуми, кои ќе имаат способност за саморепарирање.

Технологијата за саморепарирање не е новина, но докажано е дека многу тешко се применува кај материјали како гумата. Истражувачите успеале технологијата на хидрогелови кои имаат способност за саморепарација да ја применат за создавање саморепарирачка автомобилска гума.

Врските што ги спојуваат полимерите во гумата се превртени на начин да можат да се прекинат и да се обноват, а молекуларното „јаже“ ги спојува природните и самообновливи врски.

Лаички кажано, карактеристиките на самостојното обновување и гумените соединенија со помош на новооткриениот материјал „убаво се лепат“.

Предностите на ова откритие се многубројни, особено кога се работи за автомобилски гуми. Наместо неопходност од  поседување резервна гума и заменувањето на оштетената, едноставно во текот на возењето по патот скинатата или оштетената гума сама ќе се обнови. Материјалот се враќа во првобитната состојба, дозволувајќи им на неправилностите самите да се поправат.

Има уште многу работа додека овој материјал да биде подготвен за лансирање на пазарот. Меѓутоа, иако самообновувачката гума засега е далеку од нас, самата помисла на таква можност охрабрува, пренесува „Фокс њуз“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија