X
 23.03.2020 Технологија

„Гугл“ направи страница посветена на коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна истакна дека „Гугл“ работи на интернет-страница која ќе им помогне на загрижените лица да одлучат дали треба да се тестираат за коронавирус и каде може да го направат тоа.

„Гугл“ викендов лансира страница посветена на коронавирусот. И додека информациите обезбедени од компанијата се од корист, тие не се ни блиску до она што го промовира Трамп.

Во саботата од „Гугл“ објавија неколку ажурирања што ги направиле за да обезбедат повеќе ресурси поврзани со пандемијата на коронавирусот. Еден од нив е посебна страница посветена на вирусот, која може да се види ТУКА.

Страницата на „Гугл“ е многу основна. Колку многу? Толку што, на пример, ова се наведените симптоми што луѓето може да ги доживеат доколку се заразени:
-кашлање;
-треска;
-замор;
-отежнато дишење (кај посериозни случаи).


Фото: Mashable

Страницата обезбедува точни и корисни информации во однос на симптомите, превенцијата и друго, но не е страница каква што Трамп најави.

Во менито корисниците можат да ја изберат државата каде што живеат и „Гугл“ ќе им обезбеди линк до страницата на здравствените служби во таа држава. На страницата има и линкови до американскиот Центар за контрола и превенција на болести и до Светската здравствена организација. На снимките што се прикачени има совети за работа од дома и за готвење со цел да им се помогне на луѓето да се справат со животот во карантин.

Во делот за податоци може да се види кои термини поврзани со коронавирусот се најпребарувани и во кои земји има најголем интерес за пребарување. Има и мапа на која може да се види бројот на потврдени случаи на коронавирус земја по земја.

Компанијата „Алфабет“, која е матична компанија на „Гугл“, има оддел за живот и наука кој се вика „Верили“ и кој работи на нешто што би било во согласност со она за што зборуваше Трамп. Сепак, најавата на претседателот ја изненади компанијата бидејќи алатката беше во фаза на развој и само за заливската област на Сан Франциско.

Извор: Mashable
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија