X
 28.01.2017 Култура

Како нацистите воспоставија контрола над Германија?

Како Германија, цивилизирана и модерна земја (според сите надворешни индикации), станала општество кое прогонува, рамнодушно кон судбините на сите луѓе кои наводно биле „надвор од заедницата“?

Овие прашања треба секогаш да ги имаат луѓето на ум.

Адолф Хитлер бил избор на малцинствата - скоро 55 отсто од Германците никогаш не гласале за него. Антисемитизмот бил распространет во германската култура меѓутоа во никој случај доминантен или почитуван. Елитата на нацијата (естаблишментот) генерално го презирале нацистичкиот фирер и се сомневале во неговата способност да води влада, со оглед на недостатокот на искуство.

Шест години подоцна, повеќето Германци го прифатиле, и голем дел од нив се обиделе да профитираат од понижувањето и убиствата на германските Евреи, нивното деградирање од страна на Рајхот, и нивното присилно протерување од земјата. Повеќе од три години, Германците, вклучувајќи ги и корпоративните лидери од елитата и државните службеници кои му се потсмевале на Хитлер во 1933 година, не само што замижале, туку и го олесниле поробувањето и убивањето на Евреите.

нацисти
Фото: Screenshot/YouTube

Клучот за разбирање на трансформацијата во однесувањето на Германците е јасен: моќта ги зголемува идеите кои моќните луѓе ги поседуваат. Моќта на нацистичкиот режим успеа да создаде луѓе што мразат, и секако успеа да ги промени моралните вредности од нешто што не се одобрува, до нешто величено како патриотско. Откако се случи тоа, индивидуалниот личен интерес се погрижи за се` останато.

Најмногу од се`, моќта на пропагандата му овозможи на нацизмот да го подели светот на Нас против Нив и да затвори посуптилни перспективи. За Германците, светот стана вечна борба против сиромашните, доблесните и пожртвуваните (Ние) и злонамерните, конспиративните (Нив). Во една таква средина која не простува, сите средства за самоодбрана се оправдани, вклучувајќи го и превентивното удирање врз Нив - одземање на нивните права, протерувањето во концентрациони логори и гета и истребување - пред тие да имаат можност да направат и полошо.

Демонизацијата на „Нив“ е секогаш прв чекор кон прогон и геноцид. А основниот предуслов за демонизација е виктимизацијата на нивните поддржувачи. Приврзаниците на модерниот антисемитизам, не само во Германија, туку и на други места во Европа, биле раселени лица од Индустриската револуција, на кои им се закануваше сеништето на комунзмот.  Денес, приврзаниците на нативистичкиот популизам, не само во Америка, туку и во Европа, се луѓе декласирани и дезиорентирани од страна на дигиталната револуција и вознемирени од порастот на исламизмот. Дали тие ќе одат по истиот пат на нацистите?

Да, доколку им помогнат владите. Самите популистички движења не можат да го прогонат општеството и да генерираат геноцид. Овој феномен треба да биде поддржан, поттикнат од високи функционери кои ќе успеат да спроведат омраза. Само кога моќните лидери ќе изберат да дозволат да владее дискриминација и насилство, а потоа да ги забрзаат овие страсти, сето ова ќе резултира во масовни убиства.

Токму тоа е предизвикот кој Холокаустот го поставува сите овие години. По кој пат ќе одат политичките лидери? Кон „хранење“ на лутата јавност или кон промовирање плурализам и напредок? Бидејќи изгледите не се сигурни во моментов, сите ние треба да се потсетиме на една германска поговорка -„Внимавајте на почетоците - и бидете подготвени да дејствувате против нив“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура