X
 02.11.2019 Наука

Научници открија нова класа на мали црни дупки

Изгледа дека астрономите се во трка да ги откријат најголемите црни дупки. Неодамна германски астрономи истакнаа дека нашле црна дупка која е 40 милијарди пати поголема од Сонцето.

Но, што ако има и црни дупки кои се многу помали?

Во студија објавена во престижното списание „Сајенс“ астрономи од Државниот универзитет во Охајо, САД, тврдат дека откриле сосема нова класа на црни дупки.

Доколку се потврдат, актуелните теории би морале да ја земат предвид сосема новата класа на црни дупки - принудувајќи нè да размислиме како го разбираме начинот на кој се раѓаат и умираат ѕвездите и другите видови небесни објекти.

Тимот бил збунет од огромниот јаз меѓу големината на најголемите неутронски ѕвезди - екстремно густи и релативно мали ѕвезди кои се формираат откако поголеми ѕвезди експлодираат по супернова - и најмалите црни дупки за кои знаеме.

Неутронските ѕвезди се многу мали - два до три пати помали од Сонцето - но ѕвездите што се поголеми претендираат да колабираат самите и да формираат црни дупки.

Нивниот доказ: џиновска црвена ѕвезда која орбитирала околу нешто што на прв поглед изгледало многу мало за да биде црна дупка во Млечниот Пат, но било многу поголемо од неутронските ѕвезди за кои знаеме.

Црната дупка околу која орбитирала излегла дека е само 3,3 пати поголема од Сонцето - обично црните дупки што се наоѓани во минатото биле најмалку 5 пати поголеми од Сонцето или многу, многу поголеми.

Ова откритие може да го редефинира начинот на кој гледаме на животниот циклус на ѕвездите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука