Истражувачи на Медицинската школа при Универзитетот во Вашингтон работеле на вакцина против рак на дојката во последните 20 години. Во неодамна објавен
труд тие ги прикажале резултатите од првата фаза на клиничките испитувања на вакцината.
Во првата фаза од клиничкото испитување експерименталната вакцина се покажала како безбедна и многу ефективна во спречувањето на растот на канцерогени клетки во протеинот ХЕР2. Многу претходни истражувања покажале дека високото ниво на овој протеин во телото е одговорно за најкомплексните и најагресивни видови рак кај жените.
Клетките во дојката го содржат овој протеин, чија главна цел е размножување на истите клетки. Меѓутоа, во случај на рак на дојка, се создава повеќе ваков протеин кој го зголемува размножувањето на клетките и ширењето на ракот.
Фото: Pixabay
Истражувачите спровеле клинички испитувања на 66 пациентки на кои им се повторил ракот од овој вид. Им биле вшприцани различни количини од вакцината на групи пациенти и тие биле следени во период од една деценија.
Обично половина од пациентите со ваков рак не преживуваат подолго од пет години по дијагнозата. Меѓутоа, во истражувањето 80 отсто од пациентките што ја примиле вакцината живееле и подолго од 10 години. Пациентките што добиле најголема доза од вакцината имале најдобри резултати, а не биле забележани несакани ефекти.
Истражувачите сега ја спроведуваат втората фаза од испитувањата на вакцината.
Според податоци од Светската здравствена организација (СЗО), во моментов во светот има над 7 милиони заболени од рак на дојка.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay