X
 11.09.2022 Наука

Постои „изгубен град“ длабоко во океанот - место какво што нема никаде на светот

Блиску до врвот на подводната планина, западно од Средноатлантскиот гребен, од мракот се издигнуваат кули.

Станува збор за изгубениот град.

Откриен од научниците во 2000 година, на повеќе од 700 метри под површината, хидротермалното поле на изгубениот град е нешто што никогаш претходно не било пронајдено.

Ова место е дом на многу полжави и ракови. Поголемите животни како раковите, морските ежови и јагулите се ретки, но сепак се присутни.

И покрај екстремната природа на околината, се чини дека изобилува со живот, а некои истражувачи мислат дека вреди да се заштити. Додека други хидротермални полиња како ова веројатно постојат на други места во светските океани, ова е единственото што возилата со далечинско управување успеале да го пронајдат.

grad
Фото: University of Washington/Woods Hole Oceanographic Institution

Јаглеводородот произведен од отворите на изгубениот град не е формиран од атмосферски јаглерод диоксид или сончева светлина, туку од хемиски реакции на длабокото морско дно.

- Ова е пример за еден вид екосистем кој би можел да е активен на Енцелад или Европа токму во овој момент - вели Вилијам Бразелтон, микробиолог, мислејќи на месечините на Сатурн и на Јупитер.

А можеби и на Марс во минатото.

За разлика од подводните вулкански острови, кои исто така се сметани за можно прво живеалиште, екосистемот на изгубениот град не зависи од топлината на магмата.

2
Фото: University of Washington/Woods Hole Oceanographic Institution

Во 2018 година беше објавено дека Полска ги доби правата за ископување на длабокото море околу изгубениот град. Иако нема скапоцени ресурси, уништувањето на околината на градот може да има несакани последици.

Затоа, некои експерти бараат изгубениот град да се стави на листата со светско наследство за да се заштити природното чудо пред да биде доцна. Десетици илјади години изгубениот град стои како доказ за трајната сила на животот.
Извор: Science Alert
Фото: University of Washington/Woods Hole Oceanographic Institution
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука