X
 12.08.2023 Наука

„Фејсбук“ не влијае негативно врз менталното здравје на човекот, покажува истражување

Резултатите од истражувањето на оксфордскиот Институт за интернет покажуваат дека користењето на „Фејсбук“ нема негативно влијание врз менталното здравје.

Научниците набљудувале жители од 72 земји за да видат како зголемената употреба на социјалните мрежи влијае врз нивното целокупно здравје.

Резултатите не се совпаѓаат со преовладувачкото мислење дека онлајн платформите се штетни за психолошкото здравје, истакнуваат истражувачите.

Неколку земји, вклучително и Велика Британија, размислуваат за легислатива за заштита на корисниците на социјалните мрежи од онлјан злоупотреба.

Компанијата „Мета“, чиј сопственик е „Фејсбук“, веќе се соочи со обвинувања дека нејзината платформа им штети на младите, што беше посочено од шпион кога протекоа интерни истражувања. Истражувањето го опфати само „Фејсбук“, но не и другите платформи на „Мета“ како што е „Инстаграм“.

Ендрју Жибилски, професор на оксфордскиот институт, за Би-би-си објаснува дека со истражувањето сакале да одговорат на прашањето каква е општата состојба на жителите на една земја, поради зголемената употреба на оваа платформа.

- Постои општ став дека социјалните платформи имаат негативен ефект врз благосостојбата на луѓето, но податоците што ги добивме ги побиваат овие верувања - вели професорот.

Во претходната работа, професорот дошол до заклучок дека употребата на технологија не влијае негативно врз менталното здравје на тинејџерите.

Најновата студија на институтот го анализираше влијанието на „Фејсбук“ на национално ниво, но не открива како „Фејсбук“ влијае врз особено ранлива група.

Научниците не ги разгледале детално ризиците од одредени содржини, како оние што промовираат самоповредување.

Главниот заклучок е дека на истражувачите им треба подобар пристап до податоците од технолошките фирми за да можат да одговорат на прашањето за влијанието на социјалните мрежи.

- Во ситуација сме кога имаме неколку луѓе кои се малтретирани од социјалните платформи, но немаме доволно податоци за да видиме што точно ги вознемирува - додаде тој.

fb
Фото: Freepik

Британскиот нацрт-закон за безбедност на интернет е во завршна фаза и може да биде усвоен многу брзо. Главната цел е да се заштитат луѓето од вознемирување и злоупотреба во онлајн сферата.

Професорката Соња Ливингстон од Лондонската школа за економија и политика, од друга страна, предупредува на бројните недостатоци на оксфордската студија. Таа смета дека критиките упатени кон авторите се оправдани.

- Студијата е толку општа што не можеме да се повикаме на неа за време на тековните правни и клинички дебати - вели таа.

Новиот британски закон е најмногу фокусиран на заштитата на децата, а најмладите не се третираат како посебна група во истражувањето, бидејќи децата главно не користат „Фејсбук“.

Сепак, Ливингстон ја поддржува идејата на авторот за дополнително истражување врз основа на достапните податоци.

Анализата на професорите Жибилски и Мати Вуоре е направена врз основа на голем број податоци доставени од „Фејсбук“. Тие се независни научници, а студијата не е финансирана од технолошката компанија на која ѝ припаѓа оваа социјална платформа.

Податоците на „Фејсбук“ со кои располагаат покажуваат дека бројот на корисници во секоја земја се зголемил меѓу 2008 и 2019 година и дека тие можат да се поделат во две групи.

Научниците ги споредиле сопствените резултати со податоците од анкетата на агенцијата „Галуп“ и заклучиле дека употребата на социјалните медиуми не се одразува негативно на психолошката состојба на луѓето.

Питер Ечелс, професор по психологија и научна комуникација на Универзитетот „Бат Спа“, е фасциниран од она што тој го нарекува сеопфатна студија.

Но, како и самите автори, тој смета дека ништо не е кажано за причините и последиците.

- Позитивната страна е што технолошките компании се подготвени да учествуваат во истражувањето - вели тој.

„Мета“ верува дека првата студија од ваков вид со користење на внатрешните податоци на компанијата за социјална платформа ќе доведе до продуктивни разговори со креаторите на политиките, родителите и научниците.

- Дури кога ќе ја видиме целосната слика ќе можеме да им помогнеме на оние кои имаат потешкотии - наведуваат од „Мета“ во нивното соопштение.

Извор: ВВС
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука