X
 20.01.2015 Образование

Зошто универзитетите не ги подготвуваат студентите за пазарот на трудот?

Приближно 97% од младите наоѓаат работа „надвор“ од академијата. Меѓутоа, поголемиот дел од професорите на универзитетите се фокусираат на академскиот успех и научното знаење. Некои професори се плашат да ги претворат „младите научници“ во робови на пазарот, а други не се чувствуваат доволно квалификувани.


Повеќето универзитети инвестираат пари во подготовка на магистрандите и докторандите за неакадемскиот пазар на труд, но поголемиот дел од студентите не се чувствуваат подготвени.

Зошто се случува ова?

Smart science career“ нуди детално објаснување за овој проблем.

Имено, треба да го разбереме проблемот од делот на универзитетите. Високообразовните институции имаат тешка задача да направат комбинација од подготовка за пазарот на трудот и за создавање млади истражувачи. Сепак, целта на секоја институција која ги финансира студиите, особено магистерските и докторските, е поттикнување научен напредок. Научната заедница мора да создаде ново знаење за да создаде нови дијагностички методи и поефикасни терапии, да развие нови технологии за бизнис и задоволство и поголемо разбирање на човековата природа. Со други зборови, секоја минута која не е посветена на научен напредок се пропаднати пари.

Универзитетите најчесто не успеваат да ги комбинираат двата аспекти бидејќи научното знаење и практичната подготовка не се лесни за комбинирање. Фокусот на знаењето дава млади истражувачи кои се совршено подготвени за водење академска истражувачка група и напредување академска кариера. Фокусот на практичната подготовка чини пари и време кое не е потрошено на истражување.

Сета оваа ситуација повеќе се однесува на развиените земји каде сè повеќе луѓе стигнуваат до своите докторски студии. Таму, професорите се казнуваат доколку даваат практичен тренинг за подготовка за пазарот на трудот наместо напредување во науката. Улогата на подготовка за пазарот на трудот е доделена на едукативните центри.


Згора на тоа, самите професори честопати одбиваат да ги подготват своите студенти за пазарот на трудот. Овој став е вреден за почит, но не им помага на младите истражувачи да се подготват за својата подоцнежна кариера доколку не се дел од „оние среќните“ кои ќе станат професори. Многумина од нив сметаат дека тренингот за развивање на работните вештини е задача на идните работодавци, не на универзитетските професори.

Конечно, односот на младите истражувачи е уште една причина поради која тие не се доволно подготвени за неакадемскиот пазар на трудот. Интересно, студентите не размислуваат за својата кариера до последната година од студиите, покажуваат податоците.

Што да се прави?

Типичниот магистранд или докторанд најчесто е принуден да го продолжи образованието по завршувањето, на еден или друг начин. Голем дел од образованите млади луѓе учествуваат во дополнителни тренинзи, земаат курсеви и слично за да се подготват за работа во „вистинскиот свет“.

Користете ги сите вакви можности за унапредување, лично и професионално, без разлика дали сте прва година, последна или неодамна докториравте.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование