X
 16.03.2016 Образование

Заборавеното време кога училниците немале кровови и ѕидови

Овие црно-бели фотографии ги покажуваат нашите желби за образованието кое би требало да го имаме. На почетокот на 20-от век, училиштата на отворено станале популарни во северна Европа. На почетокот, тие имале цел да се спречи ширењето на туберкулозата која се појавила во периодот пред Втората светска војна. Училиштата се граделе надвор за да се биде на свеж воздух.


Идејата набргу станала популарна и сите ученици се охрабрувале да бидат надвор што повеќе. Првото таканаречено „шумско училиште“ (герм. Waldenschule) било изградено во Германија во 1904 за учениците да бидат повеќе изложени на сонце. Часовите се одржувале во шумата во близина, со што се верувало дека децата станувале понезависни и добивале поголема самодоверба.

Инспирирани од оваа иницијатива, другите европски држави започнале да отвораат училишта на отворено. До 1937, имало 96 отворени училишта само во Велика Британија. САД го добила своето прво вакво училиште во 1908. Наскоро, биле дизајнирани планови за училишта на свеж воздух.

Во 1930-те, училниците биле трансформирани во тераси со подвижни кровови. Овие училници останале популарни до 1970-те. По претставувањето на антибиотиците и подобрувањето на социјалните услови во домовите, ваквите училишта на отворено станале сè помалку потребни и полека исчезнале.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование