X
 03.11.2016 Култура

Како рекламите „навлегуваат“ во нашите глави?

Кога го приклучуваме телевизорот или кога го читаме весникот, секој од нас навлегува во веќе познат договор со рекламните агенции - тие даваат се' од себе за да ви го продадат својот производ.

 

реклами


Според Тим Ву, професор по право на Универзитеотт Колумбија и автор на новата книга „Тhe attention Merchants“, онлајн светот е забележително различен - повеќе го нема она меѓусебно разбирање, и се протега на места и методи за кои вие не би се согласиле.

Но, што не' тера да се задржиме? Ву верува дека тоа е поради нашата љубов за бесплатни нешта. Фејсбук, Гугл, Амазон и многу други платформи кои станаа центар на нашиот социјален и бизнис живот, не чинат ништо и ни овозможуваат толку многу. Но, која е цената на овие бесплатни нешта? Во замена за овие привилегии, компаниите и медиумските организации го собираат нашето внимание и им го продаваат на рекламните агенции.

Многумина од нас се бунат кога ќе видат реклама - користиме апликации за блокирање на рекламите, избираме стриминг наместо телевизија, слушаме музика која сами ја преземаме наместо радио и успеваме да ги избегнеме и рекламите на Јутјуб. Меѓутоа постои нешто кое го „собира“ нашето внимание без ние да знаеме. Нашите преференци и навики се собираат и овие информации агенциите ги користат за да ни продаваат производи и идеи на подлабоко ниво. Високата конкуренција за привлекување на нашето внимание резултира со постојано зголемување на „клик-мамката“, светкавите слики, кратката содржина - сето ова не' менува невролошки. Ја изгубивме способноста да се фокусираме длабоко, да навлеземе во бавна состојба во која извршуваме важна работа.

Уште позагрижувачки е начинот на кој рекламните агенции ве туркаат и повлекуваат кон одлуките кои би можеле целосно да го променат вашиот живот. Може да потрошите повеќе пари отколку што сте планирале и да пропуштите искуства кои претходно сте сакале да ги искусите - како на пример патувањето. Може да гласате за некој за кој претходно не би гласале. Сето ова доведува до прашањето на Ву: со оглед на тоа што вашиот ум и вашето внимание станаа предмет отворен за широко и суптилно влијание, дали одлуките кои ги донесувате се всушност ваши? Колку вашиот живот е мотивиран од идеите и импулсите маскирани за вие да чувствувате дека тие се автентични и ваши? Ву вели дека мора да се отстраниме себеси од пазарот за внимание за да можеме да бидеме сигурни дека живееме живот кој можеме да кажеме дека е наш.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура