Од неодамна механичарите и инженерите што се занимавале со технологијата на патничките (и другите) авиони на тренинг морале да одат во хангар за да можат „во живо“ да ја погледнат внатрешноста на секој поединечен авион и неговите делови.
Компанијата „Јапан ерлајнс, студентите, практикантите и приправниците го користат „Хололенс“, систем на „Мајкрософт“ кој овозможува виртуелен пристап на различни делови на авионот. Со оглед на тоа што тренингот може да се спроведе каде било, не треба да сте физички присутни во хангарот, па така целата приказна станува поефикасна и поевтина.
Фото: Тhinkstock
- Техничарите на машината можат да ѝ „пријдат“ без никакви грижи. Гледаат како да се таму и како да можат да ја стават раката на машинеријата, а можат да бидат и во внатрешноста на авионите додека целата апаратура работи, што инаку не е возможно - вели Грег Суливан, директор на комуникации во „Мајкрософт“.
Без разлика дали се работи за индустријата, гејмингот или продажбата - кога виртуелно го поставувате мебелот во вашиот стан за да видите како ќе изгледа пред да го купите, користењето холограми е хит во многу компании.
„Меџик Лип“ од Флорида развива технологија за дизајнери и девелопери кои ја „мешаат“ дигиталната графика со реалниот свет, додека „Лукинг Лас“, основана во Бруклин и Хонг Конг, развива „Холо Плејер Уан“, пренослив уред со големина на лаптоп што прикажува интерактивни 3Д-форми со кои може да се манипулира со рацете.
- Она што го видовме со „Меџик Лип“ и „Мајкрософт“ е желбата да се истражува како ќе изгледа наредниот чекор во тоа како луѓето ќе влегуваат во интеракција со информациите - вели Шон Фрајне, основач и извршен директор на „
Лукинг Глас“.
- Повеќето од она што го гледате не се холограми - вели Мајкл Бов од Институтот за технологија во Масачусетс.
Ефектот на 3Д-виртуелни слики може да биде особено силен, како што покажува успехот на „Покемон Гоу“. Играта ја користи камерата од паметниот телефон за да ги внесе во 3Д-свет и да ги мотивира да фаќаат виртуелни суштества.
Другиот вид проширена реалност е базиран на слични принципи и комбинира компјутерски генерирана графика со она што се случува во реалниот свет. Тоа е она по што проширената реалност се разликува од виртуелната реалност.
Додека виртуелната реалност значи носење очила за човек да влезе во 3Д-светот, технологијата на проширената реалност ги сместува 3Д-виртуелните објекти во вистинскиот простор и на група луѓе им овозможува со нив да влезат во интеракција.
Тоа ги отвора вратите не само за набљудување на виртуелните објекти, туку и за нивно манипулирање со користење на рацете или гласовни упатства. Многу технологии за проширена реалност се опремени со многу камери и сензори што им овозможуваат да ја „разберат“ физичката околина и луѓето во неа.
- Начинот на кој алгоритмите ги толкуваат податоците од овие влезови е местото каде што се случува вистинската магија - велат научниците. Во медицината проширената реалност би можела да ги зголеми точноста и брзината на дијагностиката. Хирурзите би можеле да „ѕирнат“ во телото пред да започнат со операцијата.
- Имаме филозофија дека вистинскиот свет треба да биде приоритет пред 3Д-светот на виртуелната реалност. Ако користи гестикулации и допир, тоа повеќе не е компјутер, туку цел систем. Воведувањето на алгоритмите и компјутерите во тродимензионалниот свет е чекор кон тоа технологијата и компјутерите да станат полични - вели Суливан.