X
 28.02.2017 Наука

Теми кои се „забранети“ за науката

Постојат одредени области во науката каде важни истражувања не се спроведуваат поради притисок од надвор или сериозни прашања за кои и самите научници се прашуваат.

конференција


На годишната конференција на MIT Media Lab, било дискутирано токму за овие истражувања, а целта на конференцијата е да им даде поддршка на научниците да се дискутира и размислува за истражување на темите како вештачка интелигенција и и машини, генетско инженерство, климатски промени и други. Најглавните „забранети“ теми за кои е дискутирано на конфереснцијата се:

Мешање во природата

Иако сега има начин да се искоренат болести со генетски инженеринг, се поставува прашање до каде треба да се мешаме со природата?! Ако сакаме може да се ослободиме и од сите комарци со користење на одреден ген, но тоа би имало многу последици особено врз природниот синџир на исхрана. Сепак останува да се размисли како напредокот на науката да донесе позитивни промени за човекот.

Инженерство на климата

Еден начин да се помогне во решавањето на климатските промени е преку соларно инженерство. Ова вклучува ослободување на сулфур диоксид во атмосферата за да одрази дел од сончевата светлина подалеку од Земјата. На овој начин може да се намалат температурите, но потребно е да се испита дали се уништува озонската обвивка. Сепак е нешто што би помогнало околу глобалното затоплување.

Роботска етика

Како што роботската технологија продолжува да напредува и да преминува граници се отвараат прашања за тоа каде ќе бидат повлечени линиите меѓу луѓето и роботите. На пример, постои потенцијал за заштита на децата од сексуална девијација со креирање на секс роботи за педофили. Ова истражување е речиси невозможно  поради легалните и етичките ограничувања во ова поле.

Безбедни комуникациски технологии

„Вистински предизвик е да се создаде технологија што не ја шпионира никој.“ Ова е истакнато од Едвард Сноуден токму на конференцијата. Тој вели дека моралот е сосема различна работа од легалноста на нештото. Дури и сегрегациите, ропството и геноцидите биле „легални“, се додека се почитуваат прописите кои на еден начин управувале со тие активности.



Универзален пристап до науката

Дали сите јавно финансирани истражувања треба да бидат достапни за сите на Земјата? Прашањето за дали е морално да се рашири научното знаење е зацврстено од политичката и бизнис реалноста. Но, ако науката дојде до одговор што ќе биде позитивен, на крај би се сфатило дека тоа е нормална обврска за научните истражувања.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука