X
 26.08.2017 Култура

Алармантно: Во Европа не остана ни едно парче земја без асфалт


Патна инфраструктурна мрежа
(Фото: Thinkstock)


„Неконтролираната и бескрајна изградба на патишта ја „исцепка“ копнената површина на земјата во 600.000 сегменти од кои повеќето се толку мали што веќе не можат да  обезбедат поддршка на животинскиот и растителниот свет на тие подрачја“, е главната порака на новото меѓународно истражување за влијанието на изградбата на патишта врз земјата.

Истражувачите предупредуваат дека подрачјата без патишта исчезнуваат, и апелираат дека е нужна итна акција за да се заштити преостанатиот див живот и природата која останала, а која на човештвото му дава витални животни ресурси како вода и воздух.

Влијанието на изградбата на патишта во природата е уште поголемо: се уништуват шуми, се зголемува загаденоста на воздухот, а  животинските популации се разделуваат...

Стручните лица објавија алармантен податок дека повеќе од половината од 600.000 фрагменти на земјата кои останале меѓу патиштата се помали од еден квадратен километар, додека само седум проценти од тие површини се поголеми од 100 квадратни километри (што е површина од по 10 километри ширина и должина).

Прашумите на Амазон и во Индонезија, како и тундрите и шумите на север од Русија и Канада, се подрачја кои имаат најголеми површини без патишта.

Практично, цела западна Европа, истокот од САД и Јапонија, се прекриени со асфалт, односно останаа без подрачја каде што нема патишта.

Според прогнозите на експертите, до 2050 година површината на патиштата ќе се зголеми дури за 60 %, а само пет проценти од површините кои моментално немаат асфалтирани патишта се заштитени со закон.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура