X
 01.10.2017 Наука

Дали сте слушнале за болеста алексија?

aleksija

Алексија е форма на дислексија предизвикана од мозочен удар или мозочна траума, и предизвикува проблеми како мали потешкотии во фокусирањето или неможност да се читаат мали зборови или перцепција на зборовите како бесмислици.

Замислете како се будите секој ден и кога ќе го проверите вашиот телефон, сè што гледате е бесмислица. Слегувате во кујната. Денешниот весник сè уште седи на масата, а вие сакате да ги прочитате најновите вести. Но сè на страницата изгледа како бесмислица - буквално, како зборовите да немаат значење. Вакво е секојдневието на човек што има алексија.

Можеби познато ви е дека дислексијата е нарушување во учењето што прави човек тешко да чита. Алексијата, позната и како „слепило на зборови“, е малку поразлична од дислексијата. Тоа значи дека секој може да добие алексија во секое време. Често алексијата може да дојде со експресивната афазија (неможност да се зборува со реченици) и аграфија (неможност да се пишува). Ова значи дека не само зборовите изгледаат глупаво кога човек се обидува да чита, туку и повеќе не можат да пишуваат или да кажуваат целосни реченици. Нема целосен лек за алексијата, но постојат начини кои го олеснуваат живеењето со неа.

Алексијата можи да се случи секому, а доказ за тоа е чудниот случај на Хауард Енгел. Енгел е канадски романсиер кој доживеал мозочен удар во спиење во 2001 година и се разбудил со алексија. Мозочниот удар го оштетил дел од неговиот мозок што го користиме кога читаме, така што зборовите и буквите повеќе немале смисла за него. Ова е страшна дијагноза, особено за професионален писател.

Тој се обидел со неколку методи за да се обиде да ја врати неговата способност да чита: следење на писмата со прстите за да ги научи зборовите преку моторните вештини, цртање на буквите во воздух и следење на буквите со неговиот јазик. Чудно, оваа техника била најдобра за Енгел. Тој научил да чита со својот јазик. Колку и да изгледа застрашувачка можноста човек да добие алексија, треба да знаете дека постои можност состојбата барем делумно да се надмине.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука