X
 17.02.2025 Живот

Европа се празни: Како ќе се менува населението до 2100 година?

Во последните неколку децении наталитетот во Европа е под нивото потребно за одржување на популацијата, а овој тренд само ќе се засили во иднина.

Како резултат на тоа, повеќето европски земји ќе забележат пад на бројот на жители до 2100 година.

Очекувано, најнаселените земји ќе имаат најголеми демографски промени. Германија ќе загуби 13,8 милиони жители, Полска 18,8 милиони, а Италија дури 23,8 милиони.

Источна Европа веќе бележи пад на населението од 90-тите, а оваа тенденција ќе се забрза во наредните децении. Русија и Украина заедно ќе изгубат околу 40 милиони жители до крајот на векот.

Сепак, миграцијата (и внатрешна и надворешна) може да го амортизира овој тренд.

prsten
Фото: Visual Capitalist

На пример, благодарение на имиграцијата, населението во Обединетото Кралство ќе порасне за 4,8 милиони, а Франција ќе добие 1,8 милиони жители.

Но, ова е исклучок бидејќи само седум европски земји се очекува да имаат поголема популација во 2100 година отколку во 2025 година.

Што се однесува до Македонија, до 2100 година ќе изгуби речиси 960.000 луѓе.

mapa
Фото: Visual Capitalist

Што значи ова за Европа?

Падот на населението е предизвик за економијата. Помал број луѓе значи намалена потрошувачка, што е клучно за одржување на економскиот раст. Исто така, ова значи и намалување на даночната база, што директно влијае врз социјалните политики по кои е позната Европа.

Досега миграцијата од Азија и Блискиот Исток помогна да се ублажи демографскиот пад, но овој ефект ќе ослабне побрзо од очекуваното.

Според „Евростат“, населението на Европа ќе го достигне својот врв во 2026 година, по што ќе почне да опаѓа.

Но, овие прогнози варираат во зависност од изворите, но трендот е јасен – Европа влегува во нова демографска ера.

Извор: Visual Capitalist
Фото: Visual Capitalist
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот