X
 28.12.2016 Економија

Што ја чека Европа во 2017 година?

Џон Хенлеј, новинар од „Guardian“ анализира каква година би можела да очекува Европската Унија, нејзините земји членки, но и европскиот континент во целина после шокантната 2016 година која не остави простор за убави сеќавања.

 

европа


Хенлеј вели дека 2017 година би можела да биде полоша од оваа сегашната, но тоа не е единствен развој на случувањата - поради тоа тој претстави две сценарија - едно песимистичко, а друго оптимистичко.

Песимистичко сценарио

Во овој развој на случувањата на почетокот на следната година ќе се случи уште еден голем терористички напад чија мета ќе бидат невини луѓе. Тоа во Холандија ќе го искористи кандидатот на екстремната десница, Гирт Вилдерс и ќе дојде на власт на изборите кои ќе се одржат во март. Месец дена подоцна, пред изборите во Франција на 23 април, авторитарниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган ќе го изгуби трпението и ќе ги отвори границите на Турција кон ЕУ и на тој начин ќе овозможи стотици илјади бегалци и имигранти кон ЕУ.

Ердоган тоа ќе го направи откако нема да добие 3 милијарди евра кои ЕУ му ги ветила за да се справи со 3 милион бегалци, кои во моментот се наоѓаат во Турција. Со тоа тој ќе ја уништи шансата за влегување на Турција во ЕУ без виза.

Сликите на новиот мигрантски бран во Европа ќе ги преплави француските медиуми, и конзервативниот кандидат Франсоа Филон и покрај големата предност на анкетите, во вториот круг ќе ги изгуби изборите за претседател на Франција - ќе го победи кандидатката на популистичкиот, радикално десен и анти-мигрантски Национален фронт, Марин Ле Пен.

На јунските избори во Италија ќе победи популистичкото движење 5 ѕвезди, предводено од поранешниот комичар Бепе Грило. Со тоа три оригинални членови на ЕУ - Холандија, Франција и Италија, на власт ќе имаат анти-естаблишмент партии и движења. Конечно, на изборите рано на есен, Ангела Меркел нема да успее да ја задржи канцеларската позиција во Германија.

Водејќи се по примерот на Америка под Доналд Трамп, европските влади ќе ги раскинат мултилатералните договори за движење на стока, работници, услуги и капитал, и ќе ги затворат своите граници. Во Франција и Холандија Вилдерс и Ле Пен ќе иницираа референдум за напуштање на ЕУ, а Италија ќе одлучи да ја врати лирата и да го напушти еврото.

На крајот, кога сите долгови ќе дојдат за наплата, владите како грчката нема да можат ниту да сакаат да платат, а повеќе никој од ЕУ нема да им понуди пари кои би можеле да ги „закрпат“ дупките од буџетот. Грција и потенцијално уште некои држави, ќе банкротираат, а ЕУ ќе се соочи или со радикално преструктурирање или постепено ќе се распадне.

Оптимистичко сценарио

Европските разузнавачки служби успешно ќе спречат потенцијални терористички напади, а Ердоган ќе оцени дека неговите долгорочни интереси сепак не лежат во хаотичната Европа.

Што се однесува до изборите, гласачите во Европа сепак нема да се насочат кон популистичките опции (на пример, неодамнешните претседателски избори во Австрија) и поучени од хаосот со Брегзитот и дестабилизацијата со победата на Трамап, ќе видат што всушност нудат радикалните десничарки партии и ќе изберат безбедност и стабилност, наместо неизвесна иднина и популизам.

Герт Вилдерс и покрај анкетите ќе изгуби на холандските избори - иако неговата партија ќе биде најголема во парламентот, нема да види ништо од власта бидејќи останатите партии ќе коалицираат и ќе формираат влада без него. Во Франција Фијон ќе „олади“ од своите либерални економски предлози и реформите кои одат во интерес на нерегулиран пазар. Убедлива победа ќе издвои Ле Пон против кој ќе се обединат гласачите на сите партии освен нејзината партија, Национален фронт.

Во Италија, изборните реформи ќе донесат нов пропорционален изборен систем според кој ќе биде речиси невозможно една партија сама да формира влада.

Во Германија гласачите повторно ќе ја изберат најбезбедната опција - Ангела Меркел, а Грција уште еднаш ќе се извлече во последен момент. ЕУ сепак ќе сфати дека мора повеќе да се ориентира според потребите и стравовите на своите граѓани, а не само на бриселските желби и идеи.

Сепак, ова сценарио вклучува многу „во случај“, „ако“, „но“, и „можеби“, поради што тешко веројатно е анти-естаблишментот да не донесе уште една победа наредната година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија