X
 19.07.2018 Култура

Истражување: Повеќе жени во владите води до помалку корупција

Истражување спроведено во 155 региони во 17 европски земји покажа дека кога жените се дел од владата, нацијата е помалку корумпирана.

Спроведено од Чандан Кумар Џа од Школата за бизнис и од Судипта Саранги, професор и шеф на одделот за економија на Институтот за политехника во Вирџинија, истражувањето се фокусира на учеството на женската работна сила и парламентарното присуство. Иако жените имаат мал ефект врз повеќето економски активности во владата, тие се помалку корумпирани. Ова важи и за локалните и за националните места.

- Ова истражување ја нагласува важноста на зајакнувањето на жените, нивното присуство во лидерските улоги и нивната застапеност во владата. Ова е особено важно поради фактот што жените остануваат недоволно застапени во политиката во повеќето земји, вклучувајќи ги и САД - вели истражувањето.

Авторите го припишуваат ова на политичките одлуки донесени од страна на жените. Тие забележуваат дека жените имаат тенденција да се фокусираат на закони кои ги поддржуваат жените, децата и семејството. Иако се чини дека колку подолго жените остануваат на власт, толку покорумпирани стануваат, авторите не пронашле докази што би го поддржале ова. Но забележуваат дека жените не се нужно помалку корумпирани од мажите генерално; во фокусот на ова истражување беа само улогите во владата и политичките одлуки што ги донесуваат. А во таа област одговорот е јасен.

Интересно е тоа што авторите покажуваат недостаток: нивните податоци главно се однесуваат на перцепцијата на корупцијата, но тоа не го сметале за проблем. Всушност, тие пишуваат дека перцепцијата и акцијата се тесно поврзани.

- Покрај фактот дека перцепцијата за корупција е високо поврзана со вистинската корупција, перцепцијата за корупција е важна сама по себе бидејќи одлуките на поединецот се базираат на перцепции - вели истражувањето.

Додека проблемот со родовата нееднаквост продолжува низ целата планета, авторите заклучуваат дека учеството на жените во политиката не треба да се охрабрува само поради родова рамноправност, туку и поради тоа што негативно влијае врз корупцијата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура