X
 28.09.2018 Технологија

„Гугл Мапс“ и социјалните мрежи се поефикасни од Бонд

Емил Торнбери, член на британскиот Парламент, неодамна изјави дека довербата во таканаречените отворени извори на информации што овозможуваат и забранети терористички групи не е прифатлива алтернатива кога станува збор за идентификување на употреба на користење хемиско оружје во Сирија - со тоа, цинично, првенствено мисли на граѓанското општество.

„Форин полиси“ пишува дека ова укажува на алармантно слабо сфаќање на ситуацијата во Сирија, а овие отворени извори на информации ги револуционизирале државите, новинарството, па и работата на тајните агенти.

Отворените извори на информации, наједноставно кажано, се извори на информации кои се достапни за сите и за пошироката јавност. Кој било може да ги види и да ги прочита. Така, на пример, интернетот е најголемата колекција на информации што некогаш постоела. Тоа големо и непрегледно складиште на информации е корисно за приватните компании, разузнавачките агенции, невладините организации, во борбата против корупцијата и слично. Многу често е порелевантно од традиционалните тајни и затворени извори.

Отворени извори екстензивно се користеле и за време на Втората светска војна и за време на Студената војна и во голема мера тие влијаеле врз постапките, плановите и акциите. Често излегувало дека тие се клучни фактори за контекстуализирање и поврзување на податоци. Од подемот на интернетот, социјалните медиуми и паметните телефони, отворените извори поминале низ еволуција бидејќи луѓето сега самоволно на интернет, преку социјалните мрежи, пласираат големо количество информации. Разузнавачките агенции заклучија дека е време да обрнат внимание, па сега нормално е да ги „чешлаат“ социјалните мрежи.

1
Фото: Screenshot/Youtube


Комерцијалните компании се посветени на пребарувањето на интернет, а она што го пронаоѓаат го претвораат во оружје против одредени бизниси. Граѓанското општество исто така почна да ги цени отворените извори и да го следи ширењето на нуклеарното и хемиското оружје, да монтира конфликти и да ги информира новинарите.

Една од основните сили на користењето на отворените извори на информации е во тоа што се приспособени за сите, сите со интернет-врска и компјутер можат да ги следат аналитичарите, да ги испитаат истите извори и да ги критикуваат техниките што се користени. Полесно се пронаоѓаат и се истакнуваат грешките.

„Форен полиси“ пишува дека некој како Торнбери може да се сомнева во изворите - навистина станува збор за големи количини на кои не може да им се верува. Тоа е фер и веродостојно прашање - дали видеото го покажува она што тврди дека го покажува? Дали е снимено онаму каде што вели дека е снимено? Во кој период е снимено и дали се злоупотреба за некоја агенда?

Сите овие прашања, како и многу други, многу подоцна ќе бидат одговорени со помош на развиената техника. Геолокацијата е од централна важност во тој процес на верификација: користење детали во сликите или видеата за да се открие каде точно нешто се случило. Кога ќе знаете каде се случило нештото, по сенките можете да го одредите времето. Во сето тоа помагаат и сателитите, социјалните мрежи и сето тоа заедно функционира многу побрзо од традиционалните методи.

Тоа се само некои од методите што се користат, а начините на кои можат да се потврдат податоците се развиваат од ден на ден. Најдобар пример е успехот на истражувачката група „Белинкет“ која, меѓу другото, се занимава и со либискиот воен лидер Верфали. „Форин полиси“ објави видео во кое „Белингкет“ ги потврдил наводите за масовно убиство со користење сателитски снимки, сенки и геолокации.

Точната идентификација на локацијата каде што нешто се случило е од огромна важност. Геолокацијата на видеото што ја прикажува војната во Сирија потврдува дека Русите не пукале во ИСИЛ, туку во цивилна инфраструктура во делови од земјата под контрола на бунтовниците. Во првите 25 дена кампања, само еднаш ги погодиле ИСИЛ.



Ова е нешто што класичните разузнавачки извори речиси и не можат да го направат без да компромитираат некого. Понекогаш станува збор за сомнителни документи од сомнителни извори што предизвикуваат и војни - на пример Втората заливска војна. Аналитичарите денес, кои користат отворени извори, ова не би го поддржале. Факт е дека повеќето извори од Сирија доаѓаат од „обичните“ граѓани и граѓанското општество. Трауматичните видеа од деца што се дават по нападот со сарин беа снимени од страна на граѓани или, пак, сириските бели шлемови кои систематски снимаат сѐ.

Се разбира, информациите секогаш доаѓаат и од една и од друга страна, така што верификацијата и контекстуализацијата се толку важни. Информациите што потекнуваат од отворени извори почнаа да се признаваат од судовите.

Таканаречените отворени извори одамна станаа важна алатка што ги открива тајните, понекогаш невидливи, бидејќи од шумата не се гледа дрвото. Во случај на Сирија, обичните луѓе се оние што пријавуваат систематско уништување и колење околу себе во надеж дека некој во светот слуша и гледа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија