X
 02.04.2017 Култура

Зборови што го променија начинот на размислување

Секој збор крие историја. Зад слоговите кои секојдневно ги користиме секој ден се кријат безброј приказни. Додека повеќето зборови се лизгаат во јазикот неприметно без да остават трагите на нивните патувања да се следат.


Фото: Pixabay

Прочитајте за неколку зборови што го менуваат начинот на кој ние денес размислуваме, гледаме, слушаме, отриваме и постоиме во светот околу нас.

Твитер (en. twiter или изворно ‘twiterith’)
- како што прв пат е употребен во втората половина на 14 век, прв пат се појавува од перото на Геофреј Чосер во неговиот превод на Утехата на философијата од филозофот од 6 век Боетиј. ‘Твитер’ е еден од преку 2200 зборови за кои средновековниот поет е заслужен за пишување на инаугаративната употреба.

Среќна случајност (en. Serendipity) – пред 1754 ако некој сакал да изрази среќа за откривање на нешто случајно ќе требало да се натопи перото повеќе од неколку пати за да се дополни значењето на тоа несмасно расположение. Потоа англискиот писател Хорас Валпол додека пишувал писмо на светот му го подарил зборот ‘serendipity’. Тој рекол дека неговиот лирски изум е базиран на персиска бајка, „Тројцата принцови на Серендип“, чии главни ликови секогаш нешто откривале случајно.

Панорама (en. Panorama) – некои зборови се чини дека вибрираат со духот на значењето кое го имаат. ‘Панорама’ е токму ваков збор; неговиот ритам се чини дека е во хармонија со широки, безгранични хоризонти. Зборот влегува во лексиконот негде околу 1789 година година која е синоним за колапсот за озлогласеното културно опкружување. Зборот е првично прикачен до целосно ограничено искуство: цилиндрично сликарство кое ја затвора публиката – визуена направа во затворено осмислена од ирскиот уметник Роберт Баркер.

Визуелизира (en. Visualise)
– тешко е да се верува дека никој не визуелизирал нешто пред 1817, но тоа е годината кога романтичарскиот поет и критичар Семујел Тејлор Колриџ го измислил зборот во неговите филозофски исповеди “Biographia Literaria”. Измачуван низ неговиот живот со материјални и нематеријални супстанци, Колриџ е очекувано одговорен и за воведување на други зборови во англискиот јазик како ‘psychosomatic’ и ‘pessimism’.

Интелектуализира (en. Intellectualise) – Колриџ е заслужен и за изготвување на глагол ‘да се интелетуализира’ што значи да се трансформира физички објект во сопственост на умот. Тој е заслужен за создавање на терминот што го означува спротивното – недоволно искористениот ‘thingify’ (да се претвори мисла во објект).

Бирократија (en. Buerocracy) – Во 1818 година Жан Клод Мари Винсент де Гурнеи го врзал францускиот збор за биро (bureau) со грчкиот суфикс ‘моќта на  (-cracy) и го дал името на црвената лента која почнала да го дави општеството. Создавајќи збор за владини процеси кои наметнувале досадни правила на индивидуалното оснесување, Гурнеи можеби е последната личност која дала придонес за термин што значи „оставете ги луѓето да прават онака како што сакаат“: laissez-faire.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура